Медиумска организација за Југоисточна Европа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Медиумска организација за Југоисточна Европа

Лого на СЕЕМО.
Кратенка СЕЕМО
Основана 14. октомври 2000.
Тип невладина
Цел развој на медиумите во регионот на ЈИЕ
Седиште Виена, Австрија
Регион Југоисточна Европа
Членство 23 медиумски компании од 9 земји
Официјални јазици англиски
Генерален секретар Оливер Вујовиќ
Матична организација Меѓународен институт за медиуми
Мреж. место [www.seemo.org]

Медиумската организација за Југоисточна Европа (англ. South East Europe Media Organisation, SEEMO) била основана од претставници на 23 медиумски организации од девет земји од југоисточна Европа на 14-15 октомври 2000. година.

Организацијата е членка на Меѓународниот институт за печатот (англ. International Press Institute, IPI) и е регионална, невладина, непрофитна мрежа на уредници, директори на медиуми и угледни новинари од списанија, радио и ТВ станици, новински агенции и нови медиуми од југоисточна Европа. Преку своите комитети СЕЕМО настојува да воспостави мост помеѓу активностите на медиумите во светот и развојот на медиумите во регионот.

Една од главните активности на СЕЕМО е заштита на слободата на печатот преку поддршка на новинарите и медиумите. Преку 60% од протестните реакции на СЕЕМО до владите и други власти, имале позитивни резултати. Секој протест на СЕЕМО се доставува и до водечките регионални и меѓународни медиуми, националните и меѓународните владини и невладини организации, политичари и јавни личности и установи.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици