Мајмунска работа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мајмунска работа (англиски: Monkey Business) - американски филм од 1952 година, во режија на Хауард Хокс (Howard Hawks). Главните улоги ги играат: Кери Грант (Cary Grant), Џинџер Робертс (Ginger Rogers), Мерилин Монро (Marylin Monroe) Чарлс Кобурн (Charles Coburn), Хју Марлоу (Hugh Marlowe) и Роберт Корнтвејт (Robert Cornthwaite).

Џинџер Роџерс, Роберт Корнтвејт, Кери Грант и Мерлин Монро во „Мајмун бизнис“

Синопсис[уреди | уреди извор]

Несмасниот професор Барнаби Фултон (го игра Грант) веќе неколку месеци безуспешно се обидува да направи формула за пијалак за подмладување. Еден од мајмуните во лабораторијата случајно ги меша состојките и ги истура во сад со вода. Професорот ја пие течноста и се подмладува во духот, па купува нов костум и спортски автомобил, ја менува фризурата и лудува низ градот со секретарката на неговиот шеф, убавата Луис Лорел (ја игра Монро). По осум часа, пијалакот престанува да дејствува и професорот повторно се враќа во претходната состојба. Потоа, од водата пие и неговата сопруга Едвина (ја игра Роџерс), која наеднаш добива желба за авантури и му се приближува на Хенк (го игра Марлоу) кој ѝ се додворувал во младоста. Така, Фултон сфаќа дека магичниот пијалак носи само проблеми и одлучува да се откаже од натамошните експерименти. Меѓутоа, тој и Едвина повторно пијат голема доза од пијалакот и почнуваат да се однесуваат како мали деца, а Барнаби дури се обидува да го линчува Хенк. Најпосле, претпоставените на Барнаби, исто така, пијат од пијалакот и почнуваат да се однесуваат како деца. На крајот, дејствието на формулата поминува, а Барнаби ја согледува привлечноста на Едвина.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]