Маца Карбева

Од Википедија — слободната енциклопедија

Маца Карбева (Велешко, 20 август 1919) — работничка, борка во НОБ и делегатка на Првото заседание на АСНОМ.

Учество во НОБ[уреди | уреди извор]

На напредното работничко движење во Велес му се придружува во времето на Кралството Југославија. Членка е на СКОЈ од 1937, а на КПЈ од јуни 1940.

Активно учествува во НОД од април 1941. До декември 1941 живеела легално, а потоа преминала во илегалство. Како член на Месниот комитет на КПЈ во Велес, работела на организирање на вооружената борба. Во 1942 била член на ПК СКОЈ. Како илегалка работела во Велес, Скопје и други места. Во Скопје е член на МК КПЈ од јуни до крајот на септември 1942. Таа е една од организаторките на НОД во Велес и Велешко. На 26 септември 1942 била затворена и задржана во полиција 20 денови. ПОтоа била интернирана на 6 месеци во село Мугла, Девинска околија – Бугарија. По враќањето од интернација, од мај 1943 работела во Тиквеш на организирање на вооруженото востание како член на Третиот Областен комитет на КПМ. Во 1944 била член на Првиот Областен комитет. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.

Прва организирана прослава на 8 март[уреди | уреди извор]

Во 1937 година заедно со Вера Андова, Нада Бутникошарева и Румена Хаџи Панзова ја организира првата прослава на 8 март, Меѓународниот ден на жената.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]