Макпетрол

Од Википедија — слободната енциклопедија

Макпетрол - македонско трговско друштво за складирање, дистрибуција и продажба на гас и нафтени деривати, со седиште во Скопје. Името „Макпетрол“ е добиено со комбинација на „Македонија“ и „петрол“.

Историјат[уреди | уреди извор]

„Макпетрол“ е основан во 1947 година, под името „Југопетрол - Скопје“, со 85 вработени и неколку бензински станици.[1]

Активности[уреди | уреди извор]

Пролетта 2017 година, „Макпетрол“ ја отворил својата 126. бензинска станица во Македонија, сместена во Желино, во која биле инвестирани околу 170 милиони денари.[2] Во 2017 година, „Макпетрол“ ја отворил и својата 127. бензинска станица во Вевчани, а во фирмата работеле вкупно 1.800 вработени.[1][3]

Организација и менаџмент[уреди | уреди извор]

Претседател на управниот одбор на „Макпетрол“ е Андреја Јосифовски.[1]

Финансиски показатели[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Мирослав Саздовски, „Макпетрол одбележа 70 години од своето постоење“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 10.
  2. Мирослав Саздовски, „Макпетрол ја отвори 126-тата бензиска станица во тетовско Желино“, Економија и бизнис, година 19, број 228, јуни 2017, стр. 12.
  3. Мирослав Саздовски, „Макпетрол ја отвори 127-та бензиска станица во Вевчани“, Економија и бизнис, година 19, број 233, ноември 2017, стр. 10.