Маерово зајачко уво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маерово зајачко уво
Bupleurum mayeri
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Ред: Штитовидни
Семејство: Штитоцветни
Род: Зајачко уво
Вид: B. mayeri
Научен назив
Bupleurum mayeri
Micevski, 1990

Маерово зајачко уво (науч. Bupleurum mayeri) — локален македонски флористички ендемит од планината Галичица, од семејството Штитоцветни, опишан од академик Кирил Мицевски.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Едногодишно голо растение, 5-8 (10) cm високо. Стеблото четириаглесто, речиси неразгрането или страничните гранчиња многу куси, прилегнати кон стеблото, многу покуси од листовите во чии пазуви се развиле. Ниско растение, 5-8-10цм високо, целото со црвеникави и речиси приседнати штитчиња во пазувите на листовите, а штитчињата со 1-3 цвета

Листови[уреди | уреди извор]

Листовите црвеникави, линејни од линејно-ланцетни, 20-25 mm долги, 2 mm широки, со 3 жили (во основата со 5), на врвот заострени, по работ многу ситно напилени, во основата приседнати и со својата оснва го обвиваат стеблото. Штитовите во пазувите на листовите речиси приседнати, а терминалните со малку подолги дршки. Терминалните штитови со 2-3 штитчиња кои се со дршки со различна должина, а страничните штитови со 1-2 штитчиња. Брактеите 3, ланцетни, со 3 жили, црвеникави. Штитчињата со 1-3 цвета; брактеолите 3 или 5, ланцетни, на врвот запилени, црвеникави, долги колку плодовите или малку подолги од нив. Венечните ливчиња розеникави.

Плод[уреди | уреди извор]

Плодот долгнавест, а секое надолжно ребро завршува со тесно крилце.[2]

Екологија[уреди | уреди извор]

На варовничките камењари, околу 1600м.[3]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Познат само за планината Галичица. [4]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bupleurum mayeri Micevski
  2. Micevski, Razprave IV Razreda Slov. Akad. Znan. Umet. 31 (12):181 (1990)
  3. Micevski, Razprave IV Razreda Slov. Akad. Znan. Umet. 31 (12):181 (1990)
  4. Micevski, Razprave IV Razreda Slov. Akad. Znan. Umet. 31 (12):181 (1990)