Магдалена Хаџи-Коста Јосифовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Магдалена Хаџи-Коста Јосифовска
Роден 1948
Битола
Националност Македонка
Занимање универзитетски професор

Магдалена Хаџи-Коста Јосифовска (Битола, 1948) – универзитетски професор на Техничкиот факултет во Битола.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Магдалена Хаџи-Коста Јосифовска е родена во Битола во 1948 година. На Природноматематичкиот факултет група Математика во Скопје дипломирала во 1971 година, каде и докторирала во 2000 година. Од 1971 до 1981 година работела како професор по математика во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола. Од 1981 е вработена на Техничкиот факултет во Битола, каде во 2005 година се стекнува со назив вонреден професор по предмети од областа Математика на прв циклус студии и Применета математика на втор циклус на студии.

Во својот научен опус ги истражувала проблемите од Комбинаторна геометрија и Алгебра со примена и Математичко програмирање. Има објавено десетина научни и стручни трудови, учествувала во реализација на неколку научно-истражувачки проекти. Член е на сојузот на математичари на Македонија, а од 2004 година и на Македонското научно друштво – Битола.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „вонр. проф. д-р Магдалена Јосифовска Хаџи-Коста“. Македонско научно друштво - Битола. 05.03.2012. Посетено на 8 март 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)