Маву

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маву
Божица-творец на светот
Други имињаМаху, во дахомејската митологија
СимболМесечина
РодителиПонекогаш, нејзина мајка е Нана Булуку (во вуду традицијата)
ПодрачјеБенин и Того
НародФон

Маву значи на еве јазикот значи Бог. Луѓето од регионот Волта семоќниот Бог го нарекуваат Маву.

Во дахомејската митологија, Маву, (се изговара Мах-ву а понекогаш и Маху), е божица творец на западноафриканска мајка-земја поврзана со Сонцето и со Месечината. Таа е Божица на ноќта, на радоста и на мајчинството, како и владетелка на мудроста и знаењето на светот. Таа им ги носи ладните ноќи во жешкиот африкански свет. Понекогаш се гледа како божица на месечината, сестра-сопруга на богот на сонцето Лиза. Понекогаш се смета за едно андрогино или хермафродитско божество наречено Маву-Лиза. Маху и Лиза се деца на Нана Булуку и се родители на Хевиозо, бог на молњата.[1]

Темите на Маву се креативностa, универзалниот закон, страста, изобилството, раѓањето и инспирацијата. Нејзините симболи се глината и месечината. Во Африка, таа е бог-творец еднаква на Месечината, кој ги создавал луѓето од глина. Како мајка, Маву го инспирира изобилството на универзумот.

Митови[уреди | уреди извор]

Аидо Хведо, исконската змија, понекогаш наречена „Змија виножито“ повикана од Маву за помош да ја подигне Земјата на небото. Според митот на Фон, змијата уште ја држи земјата со опашката во нејзината уста а Маву ги создала морињата за да се разладува додека го држи претешкиот товар. Кога ќе мрдне, на Земјата има земјотреси.[2]

Откако ја создала Земјата и целиот живот и сè друго на неа, таа се загрижи дека е претешка, па побарала од исконската змија, Аидо Хведо, да лази под земјата и да ја исфрли на небото.[2] Кога му рекла на Аве, мајмунот којшто го создала, да ѝ помогне и да направи уште неколку животни од глина, тој им се пофалил на другите животни и ја предизвикал Маву. Гбаду, првата жена што ја создала Маву, го видела хаосот на земјата и им рекла на своите деца да отидат меѓу луѓето и да ги потсетуваат дека само Маву може да даде секполи - животен здив. Кога Аве, арогантниот мајмун се качил на небото да ѝ каже на Маву дека и тој може да даде живот, обидот не му успеал. Маву го претворила во сад со каша со семето на смртта во него и го потсетила дека само таа може да дава живот и да го одзема.

Овој мит е сличен на јорупската приказна за Јемаја и Агању, родителите на оришите.

Во една друга верзија на приказната, Маву го создала целиот живот на земјата заедно со нејзиниот сопруг Лиза, но откако го сторила тоа, се загрижила дека Земјата може да биде претешка па ја повикала змијата за помош. Легендата вели дека змијата така се завиткала под земјата и ја турнала на небото. Тогаш Маву се повлекла во џунглата на небото и некое време, сите си живееле во мир и хармонија.[1]

Но, не поминало долго, луѓето на земјата започнале да се борат меѓусебно заборавајќи дека Маву е таа што им го дала светот и суштината на животот, како и нивните души. Војувањето едни со други значело војна со Маву. Тогаш Маву побарала помош од мајмунот Аве, кој се покажал дрзок фалбаџија дека е моќен како неа. Тој се пофалил дека може да создаде живот и луѓето од Земјата почнале да му веруваат.

За да го докаже тоа, исекол дрво и на него ги издлабил сите одлики на една личност, а кога завршил, се повлекол и рекол дека создал личност. Маву ја забележала таа дрвена фигура како лежи на земја и го предизвикала да ѝ вдахне живот. Аве се обидел неколкупати но фигурата останала безживотна. Најпосле тој признал дека само Маву може да направи живот и рекол дека ќе се врати во светот долу и ќе им каже на сите дека згрешил.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Goddess Mawu“. Journeying to the Goddess (англиски). 2012-04-26. Посетено на 2020-09-01.
  2. 2,0 2,1 Leeming, David Adams; Connecticut), David Adams (Professor of English and Comparative Literature Leeming, University of (1994). A Dictionary of Creation Myths (англиски). Oxford University Press. ISBN 978-0-19-510275-8.