Лудвиг III (гроф на Виртемберг)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лудвиг III
Гроф на Виртемберг
На престол1166-1241
ПретходникХартман
НаследникУлрих I
Роден(а)1166
Починал(а)1241
Полно име
македонски: Лудвиг
германски: Ludwig
ДинастијаДинастија Виртемберг
ТаткоЛудвиг I
МајкаВилибирг од Кирхберг

Лудвиг III (германски: Ludwig; 1166 – 1241) — гроф на Виртемберг. Тој владеел од 1194 до 1241 година.

Тој веројатно бил оженет со ќерката на грофот Адалберт III фон Диленбург, чие име е непознато. Лудвиг III и неговиот брат Хартман и двајцата се нарекувале себеси „Гроф на Виртемберг“ во документите на кралот Отон IV во неговите Рајнски, Швапски и Франкониски палати, па се претпоставува дека тие заедно управувале со грофовијата, при што едниот владеел дома, а другиот го придружувал царот на неговите патувања во Германија и Италија. Во 1194 година, Лудвиг учествувал во освојувањето на Сицилија од страна на императорот Хенри VI, а Хартман го придружувал Отно IV на неговото крунисување во Рим на 4 октомври 1209.