Лозов полжав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анатомска градба на полжавот

Лозов полжав (латински: Helix) — класа на мекотели кои можат да се сретнат во водна и копнена животна средина. Тие се единствените мекотели кои се адаптирале за живот и на копнени услови.

Анатомска градба на полжавот

Градба[уреди | уреди извор]

Приказ на полжавот како се храни

Доколку деновите се веќе ладни полжавот нема да може да се најде на површината на земјата, бидејќи зимата ја поминува во земјата скриен во својата куќичка.

Како и лозовиот полжав во природата така и овие на крајот од својата куќичка излачиле капче. Полжавот има на предната страна одозгора два пара долгнавести израстоци. Подолгиот пар има по едно око, а покусиот пар претставува сетило за допир. Од десната страна близу главата се наоѓа полов отвор. Низ него полжавот ги исфрла јајцата во земјата , кога за тоа ќе му дојде времето. Под работ на куќичката одвреме-навреме се отвора друг отвор за дишење што има врска со белите дробови. На предниот дел одоздола се гледа устата, а останатите делови се наоѓаат во куќичката.

Градба на куќичката на полжавот

Движење на полжавот[уреди | уреди извор]

Предни израстоци на полжавот

Полжавот се движи без тешкотии, излачува лига по која лази со брановидно движење на стапалото. Доколку се стави на стакло најдобро ќе се забележи неговото лесно движење.

Хранење на полжавот[уреди | уреди извор]

Лозовиот полжав во природата се храни со лисја од различни растенија како и многу други полжави. Во терариумот можеме да му дадеме зелје, салата, круша или варен компир. Кога ги гризе тврдите лисја, се слуша тивок шум. Тој шум настанува од триењето на рапавиот запчест јазик и тврдата вилица со која ја дроби храната. Запчестиот јазик се вика ренде, а пак иситнетата храна минува низ долгите органи за варење.

Размножување на полжавот[уреди | уреди извор]

Откако ќе ги исфрли јајцата во земјата, полжавот го напушта тоа место и натаму не се грижи за својот подмладок. По две до три недели од секое јајце се развива мал лозов полжав што расте брзо. Телото му е обвиткано со тенка кожичка наметка, која во текот на целиот живот излачува варовита куќичка. Со растењето на полжавот расте и куќичката.

Ползата и штетата од полжавите[уреди | уреди извор]

Полжавите живеат во морето, во слатките води и на копното. Особено се штетни лозовиот полжав и голиот полжав, бидејќи се хранат со културни растенија. Во некои западни земји како што се Италија, Франција, Шпанија..., ги јадат лозовите полжави. Некои од морските полжави исто така се јадат како што е на пример волак.

Фосилите како сведоци на преминувањето од еден вид полжави во друг[уреди | уреди извор]

Кај Новска во пластовите стари 10 милиони години се најдени вкаменети остатоци од полжавот палудина. Неговите куќички во најдолните, најстарите пластови се мазни, а завоите на куќичките се коски. Колку што се помлади пластовите на земјата , толку се и куќичките во неа поинакви. Во најгорните пластови се наоѓаат куќички со ниски завои, и тоа набрчкани со остри врвови, што значи дека еден вид полжав преминал во друг.