Липинци
Липинци | |
Шифра во ЕЛСТАТ | 1403010201 |
Липинци — село во Егејска Македонија, Република Грција.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Липинци се наоѓа на околу 7 километри, јужно од Кајлари, во самата Кајларска Котлина, на надморска височина од 635 метри[1].
Историја[уреди | уреди извор]
Селото во минатото претставувало мешана населба, во која живеело македонско и турско население. Васил К’нчов го споменува со 510 жители од кои 240 Македонци и 270 Турци, а Милоевиќ го бележи со 120 македонски и 120 турски куќи. По иселувањето на Турците вво Липинци се населени бегалски семејства со вкупно 475 бегалци, така што тоа повторно станало мешана населба[1].
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото е мошне богато, поради што и иселувањето е сведено на минимум. Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а доста е развиено и сточарството, посебно краварство[1].
Демографија[уреди | уреди извор]
Во пописот од 1913 година се регистрирнаи 976, а во 1920 - 907 жители.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. ISBN 9989-9819-4-9.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|