Лавиринт (квиз)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лавиринт
Ориг. имеЛавиринт
Жанрквиз
ФорматТВ емисија
АвторУрош Петровиќ
ИздавачРТС 1
ВодителДејан Пантелиќ
ЛокацијаБеоград
Емитовање
Премијерно
приказивање

22. ноември 2015 година

Лавиринт е форма на квиз кој е емитуван на Радио-телевизија Србија во недела од 16 часот.[1] Првата сезона започнала да се емитува на 22 ноември 2015 година.[2]

Правила на квизот[уреди | уреди извор]

Целта на натпреварувачите е успешно да излезат од лавиринтот за 12 минути. Лавиринтот се состои од неколку простории со два излеза. Натпреварувачот одговара на 3 прашања во секоја просторија: првото носи 10.000 динари, второто 20.000 динари, а третото 30.000 динари. Доколку натпреварувачот освои сума од повеќе од 30.000 динари, тој го обезбедува својот премин на следното ниво. Ако се работи за сума од точно 30.000 динари, натпреварувачот има можност да избере врата: црвена или зелена, каде што црвената врата го држи на исто ниво, а зелената води до следното. Сума помала од 30.000 динари го одржува на исто ниво. По седмата просторија натпреварувачите ги чека креаторот и чувар на лавиринтот, Урош Петровиќ, кој го поставува последното, одлучувачко прашање „на кое мал број луѓе можат точно да одговорат за кратко време“. Погрешниот одговор „го држи натпреварувачот во лавиринтот засекогаш“, додека точниот одговор го ослободува од лавиринтот со освоената сума на пари. Најголем дел од прашањата на натпреварувачот во овој квиз ги поставуваат познати личности од јавниот живот, но и историски и митски личности кои во квизот ги играат костимирани глумци. Натпреварувачите немаат никаков вид на помош, единствено што имаат на располагање е сопственото знаење. По натпреварот, креаторот на квизот, Урош Петровиќ, долгогодишниот претседател на Менса, им поставува посебно прашање на гледачите и им дава време да размислат до следната епизода.

Епизоди[уреди | уреди извор]

Сезони[уреди | уреди извор]

Квизот успешно се емитувал три сезони и се здобил со популарност во одредени кругови.

  • Првата сезона имала 10 епизоди ( 2015 - 2016 )
  • Втора сезона - ( 2016 - 2017 ) [3]
  • Трета сезона - ( 2017 ) [4]

Глумци[уреди | уреди извор]

Гости на квизот[уреди | уреди извор]

Во квизот гостуваа многу познати личности. Некои од нив се:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Програмска шема РТС-а“. 27. 4. 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Прво емитовање квиза.
  3. Друга сезона.
  4. Трећа сезона.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]