К-152 Нерпа (подморница)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Проектот 971U во служба на Индиската морнарица
Кариера (Русија)
Назив: K-152 Нерпа
Истоименик: Бајкалска фока
Градител: Бродоградбена централа во Амур, Комсомолск
Спуштен: 1993
Пуштен: октомври 2008
Започнал со служба: 2009
Судбина: Префрлен во служба на Индиската морнарица на 4 април 2012
Кариера (Индија)
Назив: Чакра
Chakra
Започнал со служба: 4 април 2012
Матично пристаниште: Вишакаптанам
Статус: активна служба
Општи карактеристики
Потисок: 8140 т на површина
Должина: 108-111,7 м (варијации поради различни извори)
Ширина: 13,5 м
Под вода: 9,6 м

К-152 Нерпа (руски: „К-152 «Нерпа»“) — подморница тешка 8,140 тони, дел од проектот 971 Шчука-Б (НАТО: „Akula II“) и е подморница дизајнирана за јадрен напад. Изградбата на подморницата започнала во 1993 година, но била суспендирана поради недостаток на средства. К-152 Нерпа била лансирана во октомври 2008 година, а стапила во сервис на Руската морнарица кон крајот на 2009 година. Подморницата е исто така испорачана на Индиската морнарица во 2010 година.

Додека К-152 Непра била на испитување во Јапонското Море на 8 ноември 2008 година, се случила несреќа при што загинале 20 морнари, а 21 морнар бил повреден.