Куќа на Даскаловци (Вевчани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Даскаловци
Куќата во 2023 година
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
ГрадВевчани, Струшко
Земја Македонија
Завршена1910
Технички податоци
Катови2[1]

Куќа на Даскаловцистароградска куќа во струшкото село Вевчани, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата е изградена во 1910 година. Му припаѓала на два брата од старото семејство Даскаловци кои биле терзии, изработувајќи висококвалитетни народни носии.[1] Татко им и останатите браќа биле меѓународно познати градители.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Чардакот.

Градбата е кромна по големина. Приземјето е изработено од камен, зарамнето со дрвени кушаци во сува ѕидарија. Над прозорците со капаци има сводесто украсување од тули. На приземјето била работилницата за носии и дуќанот за продажба. Катот е изѕидан од полна тула и има дрвени прозорци исто така сводесто украсени од полна тула. На овој кат биле просториите за живеење.[1] Меѓукатната и покривната конструкција е направена од костенови греди. Покривот е повеќеводен со ќерамиди ставени врз платно од штици. Од костеново дрво е изработено и скалиштето кое ги поврзува приземјето и катот, а костенови се и сите внатрешни врати. На катот има средишно сместен затворен чардак,[1] еркерно издаден на дрвени греди со украсување конкретно за ова село, наречено „вевчански кучиња“. Со вакви украси се и дрвените покривни градбени греди, кои со дрвени даски ја образуваат стреата.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Архитектура / Куќата на Даскаловци“. vevchani-info.mk. Архивирано од изворникот 2016-08-22. Посетено на 10 февруари 2023.
  2. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  3. 3,0 3,1 „Куќа на Даскаловци“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 1 ноември 2017.