Кула ОТЕ

Координати: 40°37′34″N 22°57′16″E / 40.62612° СГШ; 22.95455° ИГД / 40.62612; 22.95455
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кула ОТЕ
Карта
Општи податоци
Видтелевизиска кула, ресторан
МестоСолун, Егејска Македонија
Координати40°37′34″N 22°57′16″E / 40.62612° СГШ; 22.95455° ИГД / 40.62612; 22.95455
Завршена7 август 1966
Висина76,4 м
Проектирање и изградба
АрхитектАлександрос Анастасијадис

ОТЕ кула — 76-метарска кула која се наоѓа во Меѓународниот изложбен центар во центарот на Солун, Егејска Македонија. Кулата била отворена во 1966 и реновирана во 2005 година.

Кулата е дизајнирана од грчкиот архитект А. Анастасијадис и била завршена во 1965 година, со првите црно-бели преноси на грчка телевизиска мрежа што се одвивиле од кулата во 1966 година.[1] Кулата била користена и во 1970-тите за поддршка на антените на експерименталната аналогна VHF-мобилна телефонска мрежа. Денес се користи од страна на Космоте мобилна телефонска мрежа.

Историја[уреди | уреди извор]

Кулата ОТЕ била дизајнирана од архитектот Александрос Анастасијадис во 1966 година и таа е висока 76 метри и има четири ката. Вреди да се одбележи дека првите црно-бели преноси на грчката државна телевизија биле пренесени од оваа зграда една година по завршувањето на кулата. Денес, ОТЕ кулата е целосно трансформирана во модерна кула за телекомуникации. Уникатниот дизајн и одликите со право ја одбележуваат кулата како едно од обележјата на грчкиот културен град Солун.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. OTE Tower. Emporis.com. URL accessed September 26, 2006.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]