Кузман Цвејиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кузман Величко Цвејиќ ( 1914 во Подржи Коњ, Кумановско1944 во Водно, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Во потрага за подобар живот се преселил во Табановце, каде покрај тоа што се занимавал со земјоделство, работел и како рудар или патар. Како симпатизер на Народноослободителната борба, активно се вклучил во помагањето на партизанските единици, поради што бил интерниран од окупаторската бугарска фашистичка полиција. По капитулацијата на фашистичка Бугарија, стапил во Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите нејзини борби против непријателот. Во октомври 1944 година, храбро загинал во борбата против Германците и балистите на Водно.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 280. На |first= му недостасува |last= (help)