Криминални умови

Од Википедија — слободната енциклопедија

Криминални умови е американска полициска процедурална драма која за првпат се појавува на 22 септември 2005 година на CBS. Низ серијата се проследува тим кој прави профили од Единицата за анализа на однесувањето на ФБИ (ЕАО) со седиште во Квантико, Вирџинија. ЕАО е дел од Националниот центар за анализа на насилен криминал на ФБИ. Криминални умови се разликува од другите процедурални драми со тоа што се фокусира на криминалецот наместо на самото кривично дело. Шоуто е во продукција на Марк Гордон куќата со CBS Television Studios и ABC Studios. Оригиналниот наслов за Криминални Умови е Квантико и пилотот е сниман во Венкувер. Во сценариото за Квантико, Џејсон Гидеон е именуван како Џејсон Донован.

Во октомври 2009 година CBS објави дека Legacy Interactive ќе создаде видео игра врз основа на шоуто. Играчите ќе треба да истражуваат места на злосторства да бараат докази за да помогнат да се решат мистериозните убиства. Играта треба да излезе на почетокот на 2011 година.

ПОЗАДИНА[уреди | уреди извор]

Првично, серијата се фокусира на Џејсон Гидеон (Менди Патинкин), Арон Хочнер (Томас Гибсон), и останатите од Единицата за анализа на однесувањето, во понатамошниот текст именувани како тимот ЕАО. За првата сезона, тимот е составен од Ел Гринавеј (Лола Глаудини), Дерек Морган (Шемар Мур), д-р Спенсер Рид (Метју Греј Гублер), Џенифер Џареу, исто така позната како Џеј Џеј, (ЕјЏеј Кук), и Пенелопе Гарсија (Кирстен Фангснес). Кога серијата имаше премиера, Фангснес не беше во редовната екипа, туку се појавуваше како гостин.

За време на втората сезона, Ел Гринавеј заминува по шестата епизода и е заменета во деветтата епизода во истата сезона со Емили Прентис (Пеџет Брустер). На почетокот од третата сезона, Џејсон Гидеон заминува по втората епизода и по неколку епизоди е заменет со Дејвид Роси (Џо Мантења). За време на шестата сезона, Џеј Џеј заминува по втората епизода. Ешли Сивер (Рејчел Николс) е претставена, но не значително како замена за Џеј Џеј, повеќе само да го пополни нејзиното место по заминувањето.

Исто така, понатаму во шестата сезона, Емили Прентис ја напушта серијата, без никаква најавена замена. ЕјЏеј Кук се враќа во шоуто да учествува во последната епизода на Брустер, најавен како „специјален гостин“. И глумците и членовите на екипата на шоуто беа едногласни во своето незадоволство за одлуката Кук и Брустер да го напуштат шоуто од страна на мрежата и глумците се надеваат дека нивните колеги ќе се вратат наредната сезона. На 15 април 2011 година беше најавено дека Еј Џеј Кук потпишал договор за враќање во серијата како редовен глумец на крајот од шестата сезона и за почетокот на седмата сезона и CBS имаат опција за договорот на Пеџет Брустер – доколку нејзиниот нов пилот договор пропадне- да и дадат шанса и таа да се врати. Томас Гибсон и Шемар Мур засега не се потпишани за седмата сезона. Преговорите и за двајцата сè уште се во тек.

Во шоуто како и во овој текст, се користи терминот "unsub" за да се опише криминалец, што значи „непознат субјект“.


Сезона ФБИ Шеф на Единицата Помлад НСА Надзорен специјален агент Надзорен специјален агент Текст на наслов НСА- односи со јавноста Технички аналитичар Помлад ФБИ агент
1 Арон Хочнер (Томас Гибсон) Џејсон Гидеон (Менди Патинкин) Дерек Морган (Шемар Мур) Ел Гринавеј (Лола Гаудини) Д-р Спенсер Рид (Метју Греј Гублер) Џенифер Џеј Џеј Џуреу ( Еј Џеј Кук) Пенелопе Гарсија (Кирстен Фангснес) Празно
2 Емили Прентис (Пеџет Брустер)
3 Дејвид Роси (Џо Мантења)
4
5 Дерек Морган (Шемар Мур) Арон Хочнер (Томас Гибсон)
6 Арон Хочнер (Томас Гибсон) Дерек Морган (Шемар Мур) Празно
7 Празно Џенифер Џеј Џеј Џуреу Ешли Сивер (Рејчел Николс)

ЧЛЕНОВИ НА ЕАО ТИМОТ

Надзорен специјален агент/ шеф на единицата Арон „Хоч“ Хочнер

Игран од Томас Гибсон, Хочнер е поранешен обвинител и првично е назначен во теренското биро на ФБИ во Сиетл. Тој е еден од најискусните агенти во ЕАО. Постојано се бори да балансира потребите на неговата работа со неговиот семеен живот, но неговата сопруга Хејли се разведува од него во третата сезона. Хејли понатаму во серијата е убиена од сериски убиец во бегство познат како „Косачот“, во петтата сезона. Откако ќе биде нападнат од Косачот на крајот од 4тата сезона и шпекулациите на Шефот на Одделот Штраус во врска со неговата способност да продолжи да го води тимот, Хоч му го предава водството на ЕАО на НСА Дерек Морган. Откако ќе го убијат Жетварот, Хочнер повторно е назначен за Шеф на единицата.

Надзорен специјален агент/ Шеф на единицата за акција Дерек Морган

Игран од Шемар Мур, Морган е сигурен, самоуверен и често импулсивен карактер. Израснат од самохрана мајка, Дерек бил проблематично момче од Чикаго обвинет за малолетничка деликвенција. Тој бил спасен и обучуван од страна на човек кој подоцна е уапсен поради малтретирање на деца, Морган бил еден од неговите жртви. Откако се заинтересирал за фудбал, со стипендија го посетувал Универзитетот Northwestern. По ова, тој се приклучил на одделот за бомби во Полицискиот Оддел на Чикаго, а оттаму се префрлил во ЕАО. Тој е унапреден во одговорен на ЕАО, привремено, од Шефот на одделот Хочнер, поради шпекулациите дека Штраус имал намера да го раздели тимот бидејќи таа се сомневала во неговите способностите за водење. Морган се согласува, под еден услов„ сè ќе се врати во нормала“, откако ќе го уапсат Фојет. Хочнер се враќа во ЕАО на помала функција, но по смртта на неговата бивша жена Хочнер си ја врати неговата главна улога како Шеф на единицата. Морган имапосебна врска со техничкиот аналитичар Пенелопе Гарсија и тие двајцата имаат единствена стенографија и шеги. На крајот од 5тата сезона, Морган е начекан во заседа и врзан додека му помагал на детективот Спицер да ги спасат неговата сестра и ќерка од Принцот на темнината. Во премиерата на шестата сезона, Морган брутално го убива Принцот на темнината во ледено сокриван бес и развива близок однос со ќерката на Спицер Ели. Откако Ели бега од згрижувачкиот дом во „Безбедно небо“ кој е смесена и се појавува во ЕАО да го бара Морган, тој и Гарсија ја пронаоѓаат нејзината мајка и им помага да се зближат.

Надзорен специјален агент д-р Спенсер Рид

Игран од Метју Греј Гублер, Рид е најмладиот член на ЕАО. Тој е гениј кој на 12 годишна возраст го завршил државното средно училиште во Лас Вегас и има докторати по математика, хемија и инжинерство како и магистратури по психологија и социологија и од четвртата сезона работи на магистратура по филозофија. Познато е дека тој има коефициен на интелигенција од 187, повисок и од Алберт Ајнштајн, може да чита 20 000 зборови во минута и има ејдетска меморија. Рид се приклучил во ФБИ во 2004 година. Повеќето од членовите на тимот се заплашени од неговото продлабочено знаење. Тој вообичаено е претставуван како „Д-р Рид“, за разлика од другите агенти кои се претставувани како „надзорен специјален агент“. Намерата за ова, како што објаснува агент Хочнер во пилот епизодата, е да се создаде респектабилен прв впечаток за Рид, да се одбегнат пресудите за неговите години. Тој е кум на синот на Џареу, Хенри. За време на втората сезона, тој е киднапиран од неидентифкуван субјект кој го дрогира д-р Рид со дилаудид замешан со неименуван халуциноген. Како резултат на тоа, Рид за кратко станува зависен на аналгетикот дилаудид, но подоцна се излекува откако ќе посети неколку состаноци за поддршка на зависниците специјално за членовите на заедницата за спроведување на законот. Во шестата сезона, тој размислува со тоа што неговата мајка му го кажала за неговото детство и открива дека татко му го напуштил семејството откако мајка му доживеала нервен слом. Неговата мајка е болна од шизофренија и е сместена во ментална установа во Лас Вегас.

Технички аналитичар Пенелопе Гарсија

Игран од Кирстен Фангснес, Гарсија е компјутерскиот техничар на тимот во седиштето на ЕАО во Квантико. Таа не е Латиноамериканка како што се чини од нејзиното презиме, Гарсија е презимето на нејзиниот очув. Таа ги изгубила и двајцата родители на многу мала возраст и оттогаш живее „од мрежата„ како компјутерски хакер. Гарсија се приклучила во бирото со тоа што привлекла внимание на себе откако не легално пристапила кон дел од нивната опрема и и понудиле опрема во замена за затворска казна. Најчесто таа го поддржува тимот од нејзината компјутерска лабораторија од Квантико, но повремени им се придружува на локации каде нејзините вештини можат да се искористат на терен. Таа ужива флертувачка врска со НСА Морган, често впуштајќи се во шеги од сексуална природа, кога тој се јавува за информации. Таа е погодена од огнено оружје од неидентификуван субјект кој прво ја шармира и ја однесе на состанок. Таа му е кума на синот на Џареу, Хенри. За време на шестата сезона. По заминувањето на Џеј Џеј, Гарсија се обидува да биде врска со јавноста и да ја пополни улогата на Џеј Џеј. Хоч и Гарсија се согласуваат дека најдобро ќе биде обврските да ги поделат помеѓу членовите на тимот.

Надзоре специјален агент/ односи со јавноста Џенифер Џеј Џеј Џареау

Игран од ЕјЏеј Кук, Џареау играше како врска на томот со медиумите и агенциите на локалните полиции. Таа е во врска со Вилијам ЛаМонтање, полициски службеник во Њу Орлеанс и тие двајцата имаат син, Хенри. На почетокот од шестата сезона, Џареау беше принудена да прифати унапредување во Пентагон поради што мораше да замине од тимот, иако Шефот на единицата Хочнер рече дека се надева дека во иднина таа ќе се врати во ЕАО. Џеј Џеј се врати во епизодата насловена како „Лорен“ да му помогне на тимот на да пронајде агетката Прентис. Таа уште еднаш ќе се врати во финалето на шестата сезона, пред повторно да се врати како постојан член во седмата сезона.

Надзорен специјален агент Дејвид Роси

Игран од Џо Мантења, Роси е искусен профилер кој веќе еднаш работел во ЕАО во нејзините почетоци, тогаш се пензионирал порано за да пишува книги и да држи предавања за криминалните анализи, сè додека не волонтирал да се врати кратко по заминувањето на Гидеон.

Кадет во ФБИ Ешли Сивер

Игран од Рејчел Николс, Сивер е кадет на обука во Академијата на ФБИ во Квантико. Таа го следи тимот на ЕАО да им помогне во истрагите за убиства во затворени заедници. Таа е избрана поради нејзината уникатна позадина, нејзиниот татко беше ужасен сериски убиец кој уби многу жени пред да биде фатен од ЕАО. На почетокот, Шефот на единицата Хочнер ќе ја направеше специјалец, консултант на тимот за една ситација, но Роси и дозволи да ја заврши нејзината помошна обука со тимот, под надзор на НСА Прентис. Во „Со вакви пријатели“ таа дипломира на Академијата и беше примена во тимот како „пробен агент“.

Надзорен Специјален агент Џејсон Гидеон

Игран од Менди Патинкин, Гидеон е добро познат како најдобриот профилер на ЕАО. Пред почетокот на серијата, тој имал нервен слом откако испратил тим од шест агенти во склад во Бостон, каде сите бие убиени од бомба. На почетокот на серијата, тој се враќа на неговата функција по шест месеци медицинско отсуство која за тоа време ја вршеше Хочнер како Шеф на единицата. Гидеон има безбедносен сертификат и има обезбедено анализа на класифицирано однесување за ЦИА. Тој му е ментор на агентот Рид и иако е непишано правило дека членовите на тимот не треба да прават профили еден за друг, тој често им нуди морална поддршка и охрабрување на членовите на неговиот тим кога стресот од работата ќе ги нападне. По серија од емотивно напорни случаи и убиството на неговата пријателка Сара во неговата куќа од страна на сериски убиец во бегство, тој почнува да се чувствува истрошено. Последната капка прелева кога Шефот на единицата Хочнер е суспендиран на две недели од газдата на тимот, настан за кој Гидеон се чувствува одговорен. Тој се повлекува во неговата канцеларија и остава писмо за Рид, бидејќи знае дека тој е првиот кој ќе дојде да го бара. Кога Рид доаѓа во канцеларијата, ја наоѓа празна освен писмото на Гидеон, значката и оружјето. Гидеон последен пат е виден во Невада каде во еден ресторант и кажува на келнерката дека не знае каде оди и дека ќе знае кога ќе стигне таму, го напушта ресторантот и заминува.

Надзорен специјален агент Ел Гринавеј

Игран од Лола Гаудини, Гринавеј првенствено била назначена за теренското биро на ФБИ во Сиетл, Вашингтон и назначена во ЕАО како експерт во злосторство од сексуална природа. Нејзиниот татко бил полициски службеник во градот Њујорк, кој бил убиен за време на службената должност. Гринавеј доживува сериозна емотивна траума откако ќе биде застрелана од неидентификуван лик во првата сезона. Во првата епизода од втората сезона таа преживева и се враќа на должност, порано отколку што Гидеон и Хочнер би сакале. По неколку епизоди, сама за време на набљудувањето на еден осомничен сериски силувач, таа ладнокрвно го застрелува човекот. Локалната полиција смета дека било самоодбрана, но по ова Гидеон и Хочнер се сомневат во нејзините способности за профилер. Таа дава отказ, му ги предава значката и пиштолот на Хочнер, велејќи му дека со тоа не ја признава вината.

Надзорен специјален агент Емили Прентис

Игран од Пеџет Брустер, Прентис е ќерка на Амбасадорката Елизабет Прентис (игран од Кејт Џексон). По заминувањето на НСА Ел Гринавеј од ЕАО, Прентис се појавува со документи кои ја назначуваат за ЕАО. Од прва изгледаше дека таа повлекла некои врски преку мајка и да го добие местото во тимот. Сепак, подоцна се дознава дека главниот директор на ФБИ одделот Ерин Штраус ја поставил таму за да има влијание врз тимот за подоцна да може да го потцени Хочнер. Пренти не се согласува да го направи тоа, велејќи дека порадо ќе даде отказ отколку да и помогне на Штраус. Таа одлучува да остане во ЕАО. Емили исто така течно зборува неколку јазици, како Арапски и Шпански и има познавање од Италијанскиот, но во 20тата епизода од втората сезона („Чест меѓу крадците“), дознаваме дека Емили загубила познавање од друг јазик кој и бил добро познат, Рускиот. Наводно таа е убиена додека Ијан Дојл ја држел како заложник во епизодата насловена како „Лорен“ во шестата сезона, но во последната сцена од епизодата се навестува дека таа ја преживеала средбата со Дојл. Џеј Џеј се среќава со Прентис (гледачите го гледаат само нејзиниот грб) во едно кафуле во Париз каде таа и дава три пасоши и сметка во банката да започне нов живот криејќи се од Дојл.

Надзорен специјален агент/ односи со јавноста Џордан Тод

Игран од Мета Голдинг, Тод е лично избрана замена на Џареау да служи како директор за медиумите за време на породилното отсуство на Џеареу, од крајот на 2008 до почетокот на 2009 година. Тод порано служела во Одделот за борба против тероризмот на ФБИ, но ја следи Џаерау за обука само за еден ден пред да оди на породилно. Тод се слага добро со повеќето членови од тимот, дури и платонски флертува со Дерек Морган. Таа е особено блиска со Дејвид Роси, која напати е виден како ја советува додека работат на некој случај. Сепак, Тод неколкупати се судира со Шефот на единицата Арон Хочнер. Подоцна, таа е совладана од нејзините емоции за време на случајот за Убиецот по Автопати во Лос Анџелес.

Придружни ликови[уреди | уреди извор]

Хејли Брукс Хочнер

Игран од Мередит Монро, Хејли му беше средношколската љубов на агентот Хочнер и е негова сопруга и мајка на неговиот син Џек, роден кон крајот на 2005 година. Бракот на двојката е проблематичен, поради замерките на Хејли за тоа дека Хоч е повеќе посветен на неговата работа и на ЕАО тимот отколку на неговото семејство. Овој вторичен заплет напредува, и до крајот на втората епизода од сезона 3, Хејли се отселува, земајќи го и Џек со неа. Понатаму во сезоната, Хејли му доставува на Хоч документи за развод, кои тој одлучува да ги потпише без оспорување за да го зачува односот со син му.

Понатаму, Хејли се спомнува повремено но не е видена повторно сè до првата епизода од сезона 5 кога Бостонскиот Жетвар го прободува Хоч и ја краде адресата на Хејли. Хејли и Џек набргу се пронајдени неповредени, но Хоч бара да се стават во заштитнички притвор, без тој да ја зне нивната локација за нивна заштита. Хоч станува опседнат од тоа да го изнесе Жетварот пред правда за да може да си ги види сопругата и синот повторно.

Во епизода 9 од сезона 5, Жетварот го убива маршалот задолжен да ја чува Хејли, и ја намамува во домот на Хоч, велејќи и дека тој е замената и дека Хоч е мртов. Откако ќе се сретнат сами во куќата, тој ја принудува да му се јави на Хоч за тој да може да слушне како ги убива жена му и син му. Хоч му дава на Џек кодирана порака да се скрие и и кажува трогателно збогум на Хејли пред Жетварот да ја застрела. Хоч стигнува во куќата пред остатокот од тимот и започнува смртна тепачка со Жетварот. Тој го претепува до смрт и потоа го наоѓа син му жив на неговото скришно место.

Д-р Диана Рид

Игран од Џејн Линч, Диана Рид е мајката на членот на ЕАО тимот д-р Спенсер Рид.исто како и нејзиниот син и таа има висок коефициент на интелегенција и негокаш била универзитетски професор по литература , но боледува од шизофренија и е хоспитализирана во саниториум во Лас Вегас, каде Спенсер ја сместил кога имал осумнаесет години. Нејзиниот сопруг Вилијам заминал пред нејзината дијагноза, поради неговата неспособност да се справи со нејзината болест и тој не можел да ја заштити откако таа била сведок на убиство. Таа е свесна кога е на лекови, но често запаѓа во регресија на нејзината универзитетска кариера. Диана поминувала многу време читајќи му на глас на Спенсер додека тој растел, а тој продолжува да и пишува писма секој ден. Таа е горда на нејзиниот син, но не гоодобрува ФБИ бидејќи е организација упавувана од владата и ги нарекува неговите колеги „фашисти“. Таа настапува во два случаи во првата и четвтата сезона.

Во првата сезона, Рид се чувствува виновен што одбегнува да ја посети мајка му и го прави тоа во последната епизода додека изтражува еден непознат лик кој се нарекува Кралот на Рибарите. Спенсер дознава дека таа може даго идентификува бидејќи тој бил хоспитализиран со неа. Преку Диана, убиецот дознал за членовите на ЕАО тимот, што му овозможило на направи потрага по Светиот Грал со персонализирани индиции за секој од агентите да ја најдат девојката што тој ја киднапирал, која му е биолошка ќерка.

Во сезона 4, додека НСА д-р Рид исражува киднапирање на момче, се дознава дека Диана е вмешана во сличен случај за сексуално нападнато и убиено момче. Спенсер е прогонуван од кошмари како пронаоќа мртво момче и преку нејасни детски сеќавања за кои не е сигурен дали се вистински, вклучувајќи и едно од неговиот татко, Вилијам, како гори нешто. Ова го води до сомневање дека тој го познавал момчето во неговото детство и дека Вилијам е убиецот. Излегува дека Диана била во кола со таткото на убиеното момче (семеен пријател) кога тој отишол во куќата на убиецот и го убил со бејзбол палка, по што имало крв и на нејзината облека. Облеката што ја горел татко му на Спенсер кога тој го видел, за да ја заштити.

Директор на одделот на ФБИ Ерин Штраус

Игран од Џејни Аткинсон, таа му е директниот надзорен на Шефот на ЕАО. Нејзиното искуство во ФБИ лежи во администрација и таа никогаш не била на терен, сè додека не го придружувала тимот во Милвоки во втората епизода од третата сезона ( „во име и крв“). Таа мисли дека тимот на Хоч не е организиран и таа му се заканува на тимот. Хоч смета нејзиното непријателство кон него се должи на тоа што таа го гледа како закана за нејзин напредок во ФБИ. Таа ја поставува Емили Прентис во тимот да ја замени Ел Гринавеј во почетокот на сезона 2, потоа се обидува да ја искористи Прентис како нејзин шпион во тимот, без да ја крие нејзината намера „да го уништи Хоч“. Прентис одбива и наместо тоа накратко дава отказ. Тогаш Штраус користи ситуација каде Хоч и Гидеон нема добро да се справат со еден случај како изговот да го суспендира Хоч на две недели од ЕАО очекувајќи истрага за неговите методи. Откако самате ќе се увери како работи тимот (додека го гонат серискиот убиец од Милвоки Џо Смит), Штраус на крај се откажува од намерата да го тргне Хоч од ЕАО или да организиран нов тим. Наместо тоа, таа јасно им кажува ниту еден член на тимот да не очекува унапредување на повисока функција во ФБИ.

Сепак, по една сезона, на Морган му е понудено да го води теренското биро во Њујорк, со што ја става во прашање нејзината моќ. Тогаш таа го користи тоа што Хоч е избоден од Џорџ Фојет (познат како Бостонскиот Жетвар) во првата епизода од сезона 5 („без лице, без име“) да го принуди Хоч да се откаже од функцијата, да биде преместен или отпуштен. Хоч одлучува да се откаже и да го унапреди Морган, надевајќи се дека оваа внатрешно унапредување барем ќе го задржи тимот заедно. Морган се согласува, но вели дека ќе служи на таа функција само додека не го фатат Џорџ Фојет (епизода 5 сезона 5, „од лулка до дупка“). Штраус ја води истрагата во 100та епизода во инцидентот со Хоч и Џорџ Фојет. Тимот се однесува непријателски кон неа (најмногу Морган и Роси) и иако се чини дека е против Хоч, на крајот покажува сочувство за него и го ослободува од секакви обвиненија. Таа подоцна се појавува во воведот за Криминални умови: Сомнително однесување, епизода 18 сезона 5 („Борбата“). Таа прво му се јавува на Хоч за статусот на истрагата. Тогаш НСА Сем Купер го бара тлефонот и разговара со неа. Тие разговараат на кратко за да се следат нејзините наредби и да се истражува случајот. Кога му кажува да се врати, тој одбива. На крај, таа и кажува на Купер кон крајот од епизодата да се качи на авион со Хоч и неговиот тим да се врати на работа, велејќи дека има еден куп случаи за нив. Уште еднаш во сезона 6, Штраус докажува дека се грижи само за себе и за изгледот во агенцијата, принудувајќи ја Џеј Џеј да прифате унапредување во Пентагон (против желбата на Џеј Џеј).

Детектив Вилијам ЛаМонтање помладиот Игран од Џош Стјуарт, детектив ЛаМонтање за првпат е виден во епизода 18 сезона 2 („Џоунс“) како детектив од Њу Орлеанс кој истражува случај на сериски убиец кој првенствено бил на татко му. Детектив Вилијам ЛаМонтање, постариот , бил детектив кој напреднал многу во случајот пред да биде убиен во ураганот Катрина. Се сметаше дека и убиецот ја имал истата судбина, но кога с појавиле докази кои укажувале на спротивното, детективот ЛаМонтање го презеде случајот користејќи ја работата која ја завршил татко му и еден доказ кој татко му го врежал на ѕидот, кратко пред да умре. Детективот ЛаМонтање, помладиот се јавил во ЕАО да му помогнат и на крај заедно успеале да го фатат убиецот. ЛаМонтање, помладиот, повеќето од времето на случајот бирал да работи во близина на агент Џареау. Во епизода 17 сезона 3 („во топлина“), беше откриено дека тие биле заедно повеќе од едан година и во наредната епизода („преминувањето“), Џеј Џеј му се јави на Вил да му каже дека е бремена со негово дете. На крајот од третата сезона Вил се појави во градот Њујорк додека тимот работеше на случај, нудејќи и брак и велејќи и на Џеј Џеј дека тој е подготвен да се откаже од значката, да се пресели во Вирџинија и да го одгледува нивното бебе. На почетокот од сезона 4, Вил се преселил во Вирџинија и очигледно седи дома и го гледа нивниот син, Хенри. Џеј Џеј, сè уште, канонски ја нема прифатено понудата за брак, но тие размениле прстени на кои е впишан датумот на раѓање на Хенри. Тој накратко се појавува на 100та епизода каде заедно со Џеј Џеј земаат лекови за Хенри, како и „Робот на должноста“, каде ги придружува Џеј Џеј и тимот на погребот на Хејли.

ФБИ технички аналитичар Кевин Линч

Игран од Николас Брендон, Кевин за првпат се појави во епизода 9 сезона 3 („Пенелопе“) во која требаше да го истражува компјутерот на Гарсија за да дознае кој ја застрелал. Кевин му прати на тимот видео во живо предупредувајќи ги дека виновникот е во седиштето на ЕАО. Тој беше импресиониран од компјутерските вештини на Пенелопе, а чувството беше обострано. На крајот од епизодата Гарсија и Кевин се запознаа и оттогаш тие двајца се во романтична врска. Иако Гарсија накратко се грижеше да не ги наруши правилата на ФБИ против спријателување откако ќе биде „фатена на дело“ во нејзината куќа од страна на Роси во епизода 14 сезона 3 („оштетен“), нејзините грижи се залудни. Кевин често ја посетува ЕАО да минува време со Гарсија и се чини дека со цело срце е прифатен од останатите членови на тимот. Во епизода 23 сезона 2 („Убиец на патишта“), тој и кажува на Гарсија дека аплицирал за подобро платена работа во НСА, и и ја прашува дали таа е подготвена да се пресели со него ако ја добие работата. Гарсија не можеше да се одлучи, накрај му кажа на Кевин дека ЕАО е нејзиниот дом и мисли дека не може да ги напушти. Тогаш Кевин и кажва дека позицијата во НСА е повлечена, поради проблеми во безбедноста. На Пенелопе и се испушти дека „секако немаше да бидеш среќен во Карачи“, укажувајќи дека таа го хакирала системот на НСА да дознае за работата. Меѓутоа, Кевин не изгледа вознемирен поради тоа, а нивната врска, како што изгледа, сè уште е јака. Во петтата сезона кога тимот е принуденда остане во Б&Б со ограничен број на соби, поради што Морган и Пенелопе мора да останат во иста соба, Кевин и кажува на телефон дека е љубоморен и дека Морган треба да „го чува пиштолот во футролата“. Накратко се појавува во 100та епизода каде и помага на Пенелоре да го бара Фојет. Кевин исто така и помага на Пенелопе во епизода 4 сезона 6 („компромитирачки позиции“).

Важни или периодични непознати ликови[уреди | уреди извор]

Френк Бреиткопф

Игран од Кит Карадин, Френк Бреиткопф е психопат со прирачник. Тој не е способен да чувствува сочувство кон другите, ниту пак да чувствува вина или грижа на совест и не признава вина за неговите дела. Како други од неговиот тип, тој е многу интелигентен, манипулант и нарцисоиден. ЕАО открива дека секогаш патува на исток и запад по истиот автопат и сите негови жртви биле по неговата рута. додека истражуваат серија убиства, Гидеон и Морган го среќаваат Френк во далечен ресторант во Невада. Френк е заинтересиран за името на Гидеон и му објаснува што значи на митолошки термини. Тој му вели дека Џејсон доаѓа од Грчкиот збор кој значи „да исцелува“ и Гидеон е Израелец кој ги повел неговите луѓе против Мидијаните. Френк се прашува што неговите родители планирале за него. Тогаш им објаснил дека Френк доаѓа од германскиот збор за „прободува“. Двајцата агенти се идентификувале и побарале да им каже каде е „таа“ – Шериф Дејвис. Френк им рекол дека ќе оди да си го доврши милкшејкот. Гидеон го прашал Френк дали сака да знае како го пронашле. Во меѓувреме, полициски коли го обиколиле ресторантот. Преку ретроспективи, тимот сфаќа дека Френк е во градот поради неоја жена по име Џејн, потенцијална жртва која ја добила почитта на Френк со тоа што не покажувала страв кога пред многу години тој ја киднапирал. Тој се заљубил во неа и поминувал низ градот секогаш кога бил во областа само за да ја гледа и да и остави подарок – ветерни ѕвончиња направени од човечки коски. Морган и Гидеон го вадат Френк надвор од ресторантот. Локалните власти ги пречекуваат, вклучувајќи ја и Шериф Дејвис, која била пронајдена во куќата на Џејн. Френк му кажува на Гидеон дека ако му дозволат да избега со Џејн, тој ќе ја открие локацијата на автобус полн со деца кои ги киднапирал. Гидеон е скептичен, но на крај верува дека Френк нема да ги повреди децата. Гидеон ги носи нив двајцата до пустината и Френк му кажува дека децата се околу два километри на запад. Гидеон им дозволува да заминат, го пронаоѓа школскиот автобус и бара засилување. Тие ги следат спатките на Френк и Џејн во пустината, каде тие исчезнуваат. Гидеон изјавува дека „ ќе ги пронајдеме“. Френк се појавува понатаму во сезоната во Мериленд, каде живее Гидеон. Френк продолжува да се подигрува со него, оставајќи трага од жртви зад себе со што го предизвикува Гидеон да го фати. Тој дури успева да ја убие девојката на Гидеон во неговиот стан, како и Ребека Брајант, ќерката и поранешен заложник на Рендал Гарнер. Гидеон дознава дека Френк сега ги убива сите жртви кои тој порано ги спасил, гневен од неговата девојка, Џејн, која го оставила.

Кога тимот, заедно со Џејн, конечно го наоѓа и се соочува со Френк на железничката станица, Гидеон се појавува и интервенира. Тогаш Френк ја фаќа Џејн за зглобовите, и кажува дека ја сака и двајцата скоката на блиската железничка пруга и еден воз ги убива. Гидеон ја напушта ЕАО на почетокот од сезона 3, поради убиството на неговата девојка од Френк.

Тобиас Хенкел

Игран од Џејмс Ван Дер Бик, Тобиас имал среќно растење и бил одличен ученик. Кога мајка му го напуштила татко му, Чарлс, за друг маж, тој станал насилен кон Тобиас, цитрал делови од Библијата и ја користел како прирачник за казна. Еднаш Чарлс му ставил жиг со крст на челото на Тобиас со црвена вџашена маша. Во друга прилика, тој го „крстил“ Тобиас речиси давејќи го во кадата. Исто така го носел на лов против негова волја. Подоцна, Чарлс сериозно се разболел, за на крај да му нареди на Тобиас да го убие за да стави крај на се. Тобиас се побунил што Чарлс го сфатил како чест спрема него. На крајот, Тобиас го убил и го ставил неговото тело го огромен подвижен фрижидер под нивната куќа. Додека татко му бил сè уште жив, Тобиас се навикнал на дрогата дилаудид и ја мешал со психоделични апчиња. Подоцна се пријавил во Анонимни зависници од дрога и со помош на неговиот спонзор се исчистил. Зависноста од оваа дрога, комбинирана со дилемата за убиството на татко му, предизвикале умот на Тобиас да се распрсне и да се подели на три различни персоналитети: неговиот, на татко му како начин да го зачува жив и онаој на Ралф, бездушен ангел настроен кон извршување на божјата волја. Во одреден период, тој се вработува како техничка поддршка и ќе ја користи работата да добие пристап до веб камерите на потенцијалните жртви. Тобиас за првпат е виден во куќата на двојка која „Рафаел“ решил да ја убие поради нивното претерано богатство. Додека чекал другата двојка која е присутна во куќата да замине, персоналитетите на Тобиас и Рафаел се расправаат за нивното право да го извршат убиството, но ликот на Тобиас веднаш се предава. Кога втората двојка си заминува, Тобиас влегува во куќата веднаш штом тие се качуваат горе. За да следи, личноста на Тобиас презема контрола и тој се јавува на 911, во паника навестувајќи му на операторот за претстојната несреќа на двојката, пред личноста на Рафаел да преземе контрола и Тобиас истрчува нагоре да ги убие и ја снима цела сцена. Смртта на двојката води до викањето на ЕАО. Тобиас подоцна е виден како гледа низ камерата на гореспоменатат двојка, како што Морган гледа низ местото на злосторството. Кога прегледите од поставеното видео од грозоморното убиство не се тоа што тој очекува, Тобиас подоцна влегува во домот на една жена која „Рафаел“ одлучува да ја убие бидејќи тие виделе преку камерата како таа врши прељуба. Се јавува на 911 како Рафаел и Тобиас мирно им кажува на операторите на 911 што планира да направи и потоа се качува горе.кога ЕАО пристигнува го пронаоѓа мажот со кој жената изневерувала и жената исчезната.

Подоцна, ЕАО пронаоѓа поставено видео со жената како ја држи затворена и тие гледаат беспомошно како ја парпарчуваат три кучиња. Еден од локалните полицајци ги препознава кучињата од друг случај во кој некој човек, Тобиас, бил сведок. Џеј Џеј и Рид одат кај Тобиас да го испрашат, но тој не има дава доволно информации и го кани Рид внатре во куќата на чуден начин. Кога Рид ги забележува камерите на Тобиас, тој сфаќа дека тој е виновникот и тој и Џеј Џеј се разделуваат кога Тобиас бега. Џеј Џеј влегува внатре во блискиот амбар каде се наоѓа како стои врз остатоците од жената прељубничка очи во очи со кучињата кои ја убија. Во меѓувреме, Рид, насред поле со пченка, го слуша Тобиас како се расправа со личноста на Рафаел пред да си удри шамар, мислејќи дека Рафаел го удрил. Откако ја слушнал Џеј Џеј како вреска, Рид се обидел да истрча од полето, само за Тобиас да го надвладее и да го држи со пиштол на глава. Рид во шок гледа како Тобиас и Рафаел повторно се караат. Остатокот од ЕАО тимот пристигнува на фармата на Хенкел да ја пронајде Џеј Џеј во амбарот трауматизирана зад боксовите со трите кучиња, кои таа ги застрелала, но нема ни трага ни глас од Тобиас и од Рид. Тие поставуваат база на фармата да започнат да ги истражуваат компјутерите, откако сфатиле дека тие се извор во живо за време на убиствата. Тие исто така сфаќаат дека Тобиас го зел Рид, но не знаат каде. Подоцна Тобиас е виден како го вози неговиот камионет со онесвестениот Рид на подните штици, присеќајќи се на времето кога татко му го носел на лов против негова волја. Тогаш намерно застанува и прашува за насока, оставајќи огромен доказ на кој знае дека полицајците ќе загризат. Потоа вози во спротивната насока, ефикасно губејќи ги сите кои можеби го следат. Кога Рид се освестува, ноќе е и тој седи на дрвен стол насред стара колиба. Неговите зглобови се во лисици нпред со кожена лента меѓу нив за да го наведнува на столот. Тој е соочен со Тобиас, кој го чекал да се разбуди. Откако се претставил со личност на Рафаел, тој веднаш му покажува еден куршум, нарекувајќи го „Божја волја“. Тобиас го става куршумот во неговиот револвер и го врти буренцето, нишани кон Рид и го повлекува чкрапалото. Празно е.

Веќе е ден кога Тобиас се враќа во колибата со дрва за огрев собрани од земјата. Рид сфаќа од една промена дека тој не е ниту Рафаел ниту Тобиас и се обидува да го ублажи падот кога Рид е обвинет дека лаже. Рид го негира ова, вели дека тој ниту лаже ниту е грешник. Гневен, Тобиас му го соблекува чевлите на Рид и еден чорап и го мачи Рид за да извлече признание за грев од него. Ова е првиот чекор кон оправдувањето на гревот за Тобиас: откако ќе се признае гревот, грешникот може да биде погубен. Обидите на Рид да го избегне неизбежното со цитирање на делови од Библијата не успеваат, само го добива одговорот „и ѓаволот знае да чита, исто така“. Кога личноста на Тобиас презема контрола, тој се обидува да му ја намали болката на Рид и го инјектира со дилаудид. Дрогата предизвикува Рид да има ретроспективи од детството.

Подоцна, Тобиас, со личноста на Рафаел, убива уште едан двојка во нивниот дом, и пак се враќа во колибата. Со личноста на Чарлс тој поставува камера и го тепа Рид, и им го праќа видеото на остатокот од ЕАО тимот во домот на Тобиас. Тогаш Тобиас го бутка Рид на земјата, сè уште врзан на столот. Како резултат, Рид почнува да се грчи и не може да дише. Личноста на Тобиас повторно презема и го оживува Рид. Тој (овојпат како Рафаел) го споредува ЕАО тимот со седумте Архангели од книгата за Откровение во Библијата. Тој му наредува на Рид да одбере еден од неговите колеги да умре. Рид го бира Хоч, нарекувајќи го класичен нарцис и погрешно ситира стих од Генезиз за да му прати на тимот насоки за тоа каде се наоѓа.

Рид тогаш се присеќа како ја испратил мајка му во клиниката. Тобис, сè уште како Рафаел, му вели дека тој не ја почитувал мајка му и прекршил еден од Заповедите. Тобиас го влечка Рид до гробишта и го тера да си го ископа сопствениот гроб, но е прекинат од доаѓањето на ЕАО, кои сфатиле каде Тобиас го држи Рид преку неговата порака. Откако сфатил дека тие се таму, Рид се преправал дека е премногу слаб да го копа гробот, што предизвикало фрустрации кај Тобиас, како и личноста на Чарлс повторно да се појави и да ја земе лопатата од рацете на Рид, нарекувајќи го слаб. Тогаш, кога вниманието на Чарлс е одвлечено, Рид му го зема пиштолот. Чарлс, кој очигледно не знаел дека трите личности не се одделни луѓе, му рекол на Спенсер дека не може да ги застрела сите бидејќи има само еден куршум во пиштолот што го држи. Сепак, Рид, знаејќи ја грешката на таа изјава, го повлекува чкрапалото. Личностите на Чарлс и Рафаел беа убиени веднаш, само Тобиас имаше време да му се заблагодари на Спенсер што ги убил и се надевал дека еден ден тој повторно ќе се види со неговата мртва мајка. И Спенсер имал време да се извини за тоа што се случило. Пред да замине, Рид го зема дилаудидот на Тобиас што на крај го води до зависност од дрога

Џорџ Фојет, „Жетварот“

Игран од К, Томас Ховел, првпат е виден во сезона 4 епизода Сештојад. Десет години порано, Хоч и локален детектив по име Шонеси гонеле убиец познат како Бостонскиот Жетвар, кој секогаш носел маска и црна облека и убивал двојки ноќе по автопатите во Бостон. Помеѓу 1995 и 1998 година, тој нападнал 21 човек, од кои само еден преживеал, сè додека Шонеси не направил договор со него да прстане да го гони, кој бил успешен. Како резултат, ФБИ, бидејќи никогаш не направиле работен профил, не можел да го фати.

Хоч и неговиот тим се повикани во Бостон бидејќи Шонеси умира и знае дека неговата смрт ќе го натера Жетварот повторно да почне да убива, што се покажало точно таа ноќ. Џорџ Фојет се претпоставува дека е единствената преживеана жртва на Жетварот. Роси и Хоч го посетуваат да добијат информации. Тие му нудат заштита, но тој одбива да дозволи нападот на Жетварот да го истера од Бостон.

Хоч добива повик во неговиот хотел од Жетварот, која му го нуди истиот договор што му го понудил на Шонеси. Хоч го откачува, и во гнев, Жетварот влегува во блискиот автобус и ги убива сите во него. Кога тимот пристигнува на местото на злосторството, тие ги наоѓаат трите адреси на Фојет испишани со крв на прозорците. Тимот тогаш брза на последната адреса на Фојет, каде Морган е онесвестен од Жетварот. Тој исчезнува, но пред тоа му ја зема значката на Морган и остава куршум да се шегува со него. Откако Морган се освестува, тимот наоѓа огромна количина од крвта на Фојет. Се чини дека Фојет е убиен од Жетварот, но неговото тело не е пронајдено.

Гарсија ги прегледува записите на Фојет и дознава дека тој бил учител на замена во средно училиште, но бил отпуштен поради сексуален напад врз девојче. Тогаш Хоч се присеќа на поранешната изјава на Фојет за смртта на неговата свршеница: „Дали знаеш колку време треба да избодиш некого 67 пати?“ врз основа на обвинението за сексуалниот напад и тоа што знае премногу детали за убиството, Хоч заклучува дека Фојет е Жетварот и дека тој самиот се избодел за да ги измами истражителите. Еден новинар кој пишува роман Вистински Злостор за Жетварот се среќава со Фојет на претходно непозната четврта адреса, која Гарсија ја пронаоѓа преку мобилниот телефон на новинарот.

Џорџ Фојет тогаш му го открива неговиот вистински идентитет на неосомничениот новианар, гневен бидејќи тој напишал дека Жетварот е или мртов или во затвор. Додека го држи на нишан новинарот, ЕАО влегува во куќата и го апси Фојет без инциденти. Сепак, додека е во затвор, тој си нанесува отворена рана на неговата рака и прави да изгледа дека повраќа крв. Кога е однесен во амбулантата, тој бега од затворот.

Фојет подоцна се појавува во сезона 4 епизода („... И се врати“), кога го изненадува Хочнер со пиштол на чело во неговот стан, велејќи „Требаше да се созласиш на договорот.“ Се слуша истрел и епизодата завршува. Во премиерната епизода од сезона 5 („Без лице, без име), кога Хоч не се појавува на работа, Прентис оди во неговиот стан да провери. Таа наоѓа лочка од крв и куршум во ѕидот. Кога се јавува во Ургентен центар, дознава дека некој оставил „ФБИ Агент Дерек Морган“ иако се знае кај е, што значи дека Жетварот го оставил Хочнер во Болницата и му дозволил да живее. Преку ретроспективи, се открива дека Фојет пукал во ѕидот до Хочнер. Хоч се обидел да го собори, но Фојет поберил во борбата. Тој го избодел Хоч 9 пати, но на начин само да го повреди. Кога Хоч се буди, размислува дека Фојет го оставил да живее бидејќи тој има намера да оди по Хејли и Џек. ЕАО тогаш упаѓа во станот на Хејли, каде ги наоѓаат неа и Џек неповредени. На крајот од епизодата, Хочнер го става неговото семејство под заштита на услугите на Федерален Маршал.

На крајот од сезона 5 епизода „надмудрен“, се открива дека Фојет му праќал писма на Карл Арнолд познат како Лисицата, сериски убиец кој Хоч и тимот го затвориле во сезона 1. Во наредната епизода, „100“, тимот повторно му влегува во траг на Фојет откако откриле псевдоним, Питер Реја, кој Фојет го користел да купи лекови против болка во една аптека во областа. Тие го наоѓаат неговиот стан и упаѓаат, но дознаваат дека тој веќе заминал, и носи неколку пиштоли. Тие одат во домот на Сем Казмајер, Маршалот кој е задолжен да ги чува Хејли и Џек, каде тој е застрелан 3 пати, му фалат 2 прсти и бил оставен да умре од страна на Фојет. Пред да умре, тој открива дека Фојет го зел неговиот телефон и и се јавил на Хејли, претставувајќи се како Маршал и и рекол дека Хоч е мртов и дека таа треба да се премести. Тој успева да ја однесе во нејзината куќа. Хоч го сфаќа тоа и оди таму да ги спаси. Фојет ја тера Хејли да му се јави на Хоч и тогаш таа сфаќа дека е во опасност. Хоч успева да му каже на Џек со кодови да се скрие во еден ковчег додека тој не дојде. Хоч стига дома прекасно за да ја спаси неговата жена и го наоѓа Фојет како се крие зад една завеса. Тој го пука Фојет неколкупати во градите, кој носи непробоен елек. Следува борба помеѓу Хочнер и Фојет. Хоч го соборува Фојет на земјата и го удира додека тој не се предаде. Сепак Хочнер, обземен од болка и бес, го претепува Фојет до смрт на подот на горниот спрат, каде неговиот тим го наоѓа, скршен од болка као сè уште го тресе трупот на Фојет. Морган го тргнува Хоч од Фојет и на кратко го теши, велејќи му дека е готово. Шефот на одделот Ерин Штраус го нарекува настанот „крвопролевање“.

Били Флин, „Принцот на Темнината“

Игран од Тим Кури, Били е роден во 1955 година во Јужна Каролина. Неговата мајка, Нора Флин, била проститутка која го ставала него во плакарот во спалната соба и го терала да гледа како таа има секс со нејзините клиенти. Таа повремено го наведувала и него на нив. Кога тој имал 13 години, тој конечно одлепил и пукал во неа и во некој клиент и ги убил, но прво ги натерал да молат за нивниот живот. Тој бил уапсен и обвинет, но бил пуштен од малолетничкиот притвор кога наполнил 18 години, никогаш не давајќи никаква изјава зошто ја убил мајка му. Во 1984 година, тој почнал да ограбува куќи низ Калифорнија (што коинцидира со првите познати убиства извршени од вистински сериски убиец Ричард Рамирес, кого изгледа дека Флин го имитира) и брзо екалирало во убивање на жителите во куќите како и ограбување. Тој напаѓал кога е темно, кога немало струја или тој самиот ја прекинувал струјата, ги малтретирал жртвите, ги силувал жените и ги убивал сите во семејството, обично оставал по еден член жив (освен ако немале повеќе деца, бидејќи никогаш не убивал деца), најчесто ги убивал со 44 револвер. По неколку убиства, тој заминал од Калифорнија и продолжил да убива низ САД. Во 2010 година (Нашиот најтемен час), по 26 години навидум неповрзани убиства, тој се вратил во Калифорнија откако дознал дека детективот Мет Спицер, еден од неговите преживеани, имал ќерка, Ели, и се чувствувал одговорен за неа бидејќи таа не би се родила доколку тој не го оставил Мет да живее.

Откако се вратил во ЛА, тој започнал со рекреирање на неговите убиства пред да ја киднапира Ели и нејзината тетка, Кристин, и да ги однесе во домот каде ги убил родителите на Спицер. Бидејќи ЕАО ги дознал неговите цели, Дерек и Спицер одат во куќата додека другите се заглавени во сообраќај откако снемал струја насекаде во ЛА. Внтре, Флин го начекува Морган во заседа и го врзува. Кога пристигнува Спицер,Флин ја држи Ели на нишан, и го натерува СПицер да се предаде. Откако Дерек му ветува на Спицер дека тој немаше да дозволи ништо да и се случи на Ели, Флин го убива Спицер со еден куршум во градите и заминува, земајќи ја Ели со него. Ја однел во неговиот автомобил, убил уште една двојка по пат користејќи ја Ели како заложник и ја поделил неговата испревртена филозофија со неа, велејќи дека тоа што тој бира кој ќе живее а кој не го прави како Господ. Потоа убил моторист кој сакал да им јави на властите откако слушнал за неговиот автомобил на радиото. Тогаш Флин ја однел на нговата следна инвазија, обидувајќи се да создаде „тим“ со неа. Откако го убил таткото, тој дознал дека Ели го пратил еден од синовите кај комшиите да се јави на полицијата. Тие заминуваат и дознаваат жителите заедно се собрале надвор. Флин го краде семејниот автомобил и заминува со Ели.

Кога ЕАО го дознава идентитетот на Били преку исечоци од весници за убиството на неговата мајка најдени во неговиот автомобил, тие го контактираат Флин така што Џеј Џеј разговара со него преку градскиот радиодифузен систем за итни случаи. Таа го потсетува дека тоа што планира да и го направи на Ели е исто тоа што мајка му му го правел нему и го потсетува дека тој е одговорен и може да одлучи да ја поштеди Ели од страдањето кое тој го искусил во неговото детство. Флин ја пушта Ели и зема двојка заложници во нивниот дом. Тој им се јавува на полицијата која е надвор и бара Морган да влезе, сам. Морган се согласува и се соочува со Флин. Кога тој кажува повеќе детали за смртта на мајка му, се сеќава колку се чувствувал олеснето кога ја убил и прашува дали тој тоа само го замислувал за да го направи нејзиното убисто полесно за прифаќање. Тој го прашува Морган дали верува во рај. За време на неговиот монолог, тој плаче. Морган го крева неговиот пиштол, бидејќи ја забележал намерата на Флин. Флин застанува и на нејасен начин го крева пиштолот – нишанејќи кон еден од заложниците – и брутално е заспрелан десет пати од Морган, неговите очи се превртуваат а устата му се отвора кога паѓа назад на креветот и умира. Ели е сигурна надвор и Морган го зема детето во раце, велејќи му дека е готово

Ијан Дојл

Мистериозна фигура од минатото на Емили Прентис, Дојл е водач на сепаратистичка завера ИРА и е сметан за многу опасен криминалец од Интерпол. Тој бил капетан во Армијата и подоцно го присвоил „Валхала“ како негов личен прекар. Кога Прентис отишла тајно да го фати, нејзиниот таен идентитет бил на дилер со оружје „Лорен Рејнолдс“. Таа пораснала многу блиску до него и тој дури и признал дека има син, Деклан. Во „ Тринаесеттиот Чекор“, Дојл избегал од политички затвор во Северна Кореја и бил „надвор од мрежата“. Потоа пребегал во Русија, избодел некој шофер за неговата кола. Во наредната епизода „Сетилна Меморија“, откако се вратила дома од работа, Прентис добива неколку повици на кои и исклучуваат на нејзиниот мобилен телефон од „Непознат јавувач“, што ја натерало да ги ислучи светлата и д седи на крајот од ходникот со пиштол. По враќањето дома следната вечер од случај, Прентис наоѓа анонимен подарок на налзиниот праг, кој содржи еден виолетов цвет. Таа се присеќава на мината тајна задача во Франција, за време на која таа работела во градината за да го надгледува Дојл. Дојл бил уапсен од Француската полиција, но пред тоа сфатил дека Прентис е таен агент. Откако сфатила дека виолетовиот цвет значи дека Дојл знаес каде живее таа, Прентис ја зема нејзината мачка и нејзината ташна и го напушта станот. Потоа таа назначува двајца поранешни колеги од Интерпол да го гонат.

Во епизодата „Валхала“ кога серија убиства се случуваат околу областа на Вашингтон, Прентис знаеше дека тоа мора да е Дојл, кој убивал поранешни оперативци вклучени во неговото фаќање. Прентис сè уште не му кажала на нејзиниот тим дека таа е поврзана со Дојл бидејќи таа се обидувала да го спаси нејзиниот тим откако тој се заканил дека ќе ги убие ако таа каже нешто. Тсиа Мосели, една од колешките од Интерпол, е застрелана во главата од Дојл додека посетува некого и многу и требаше на Прентис да попушти и да се расплаче. Таа исто така дознава дека другиот нејзин Интерпол контакт, Клајд Истер, знаел повеќе за Дојл отколку што и кажувал на Емили и таа не можеше да му верува повеќе. По крајот на епизодата, Прентис погледна наоколу во собата на ЕАО во нејзиниот тим со солзи во очите бидејќи беше загрижена за нив, таа не сакаше да бидат повредени или убиени од Дојл поради неа затоа таа само се сврте и замина од ЕАО, без да погледне назад. За неа беше подобро да замине и еднаш и засекогаш да го реши ова со Дојл и тоа беше нејзиниот план. Во епизодата „Лорен“, Прентис се соочи со Дојл, наоѓајќи еден Ирски мафијаш и од него дознавајќи каде е Дојл. Кога таа го нападна нивниот автомобил, Дојл ја нападна и ја застрела во стомакот. Таа преживеа, бидејќи носеше панцир, но беше киднапирана. Како што ЕАО се приближуваше до зградата каде таа беше затворена, таа му откри на Дојл дека таа е одговорна за тоа што син му не е повеќе во неговиот живот. Таа покажа неколку слики од него и неговата дадилка убиени, слики кои биле користени од Северно Корејците да го испрашат додека бил затворен. Кога таа открива дека тој е жив некаде, Дојл бесно почнува да ја тепа. За време на тепачката, таа е прободена во стомакот со остар дрвен стап. Кога Дојл го слуша звукот од огнено оружје (Морган, придружен од СВАТ, пука во остатокот од неговите верни службеници), тој бега од зградата и не е виден до крајот на епизодата, што предлага дека тој повторно се крие.

Епизоди[уреди | уреди извор]

Првата сезона оди од 22 септември, 2005 година до 10 мај 2006 година, а втората сезона од 20 септември 2006 година до 16 мај 2007 година. Третата сезона од серијата се емитува од 26 септември 2007 година до 21 мај 2008 година и беше прекината кон крајот на 2007 година од индустрискиот ВГА страјк. На 14 мај 2008 година, Криминални Умови беше обновена за четврта сезона, која одеше од 24 септември 2008 година до 20 мај 2009 година. Петтата сезона оди од 23 септември 2009 година до 26 мај 2010 година. Шестата сезона започна на 22 септември 2010 година и е закажано да заврши на 18 мај 2011 година.

Неочекуван профит[уреди | уреди извор]

Неочекуваниот профит дебитира на 16 февруари 2011 година на CBS.

Телевизиско емитување[уреди | уреди извор]

САД среда на CBS ударно време 21часот источна часовен појас /20 часот централна часовен појас

Австралија среда 20:30 на Канал 7

Нов Зеланд понеделник 20:30 на TV One

Канада среда 21 часот EST на CTV и среди 21 часот на Канал за време на сезоната Американски идол.

Велика Британија петок 21 часот на Sky LIVING

Ирска понеделник 21 часот на RTE2

Холандија среда на Вероника во 20:30 и 22:30 CET

Франција во четврток или среда околу 22:35 за реприза и среда 20:45 за нови епизоди на TF1

Германија во сабота околу 22:20 на SAT 1

Латинска Америка во понеделник околу 21:00 на AXN

Турција во среда околу 21:00 на DiziMax

Сингапур вторник 23:00 на MediaCorp Channel 5

Норвешка четврток 22:40 на TV2 и понеделник и четврток 23:00 на TV2 Zebra (реприза)

Македонија петок 21:30 на Fox Crime (2 епизоди)

ДВД изданија[уреди | уреди извор]

CBS DVD ( дистрибуирани од Paramount) ги објави првите пет сезони на Криминални Умови на ДВД во Регион 1. Во Регионите 2 & 4, Walt Disney Studios Home Entertainment ( поранешно Buena Vista Home Entertainment) ги објави сезоните 1-5 на ДВД. Во Франција ДВД изданието ќе излезе на 2 март 2011 година

ДВД име Епиз. Датуми на објавување Регион 1 Регион 2 Регион 4
Цела прва сезона 22 28 ноември 2006 година 12 февруари 2007 година 18 април 2007 година
Цела втора сезона 23 2 октомври 2007 година 5 мај 2008 година 5 мај 2008 година
Цела трета сезона 20 16 септември 2008 година 2 април 2009 година 18 март 2009 година
Цела четврта сезона 26 8 септември 2009 година 1 март 2010 година 10 март 2010 година
Цела петта сезона 23 7 септември 2010 година 28 февруари 2011 година 2 март 2011 година

Рејтинзи[уреди | уреди извор]

Сезонско рангирање ( врз основа на вкупниот просек на гледачи по епизода) на Криминални Умови на CBS:

Сезона Време(EDT) Премиера на сезоната Финале на сезоната ТВ Сезона Рангирање Гледачи (во милиони)
1 Среда 21:00 Четврток 21:00 (епизода 1 : екстримен агресор) 21 септември 2005 година 10 мај 2006 година 2005–2006 #27 12.80
2 Среда 21:00 Недела 22:35 (епизода 14: ГОлемата игра) 20 септември 2006 година 16 мај 2007 година 2006–2007 #22 14.01
3 Среда 21:00 September 26, 2007 21 мај 2008 година 2007–2008 #23 12.70
4 Среда 21:00 Среда 22:00(епизода 21: сенка на сивило) September 24, 2008 20 мај 2009 година 2008–2009 #11 14.89
5 Среда 21:00 September 23, 2009 26 мај 2010 година 2009–2010 #16 13.65
6 Среда 21:00 September 22, 2010 18 мај 2011 година 2010–2011 #10 14.48 (до денес)


Гледаност на серијата: 26, 31 милиони гледачи 22:30, неделата на 29 01 07) (што следи по Super Bowl XLI-93.18 милиони, и Super Bowl XLI Post Game-57.34)

Рејтинг на ДВД изданијата[уреди | уреди извор]

Шоуто е рангирано на деветтото место во ДВР плејбекот (2,35 милиони гледачи), според Nielsen prime DVR lift data од 22.09.08 – 23.11.08. За неделата на 1о октомври 2010 година, Криминални Умови се рангираше шеста на плејбекот на ДВР ( 2,40 милиони гледачи), и седма на демо плејбекот според Nielsen prime DVR lift data.

Синдикална[уреди | уреди извор]

Серијата сега е во синдикала на A&E Network и ION Television. И двете мрежи го избришаа шоуто поради богохулство, A&E поради проблеми со времето на емитување и можноста за емитување на шоуто во маратонско трчање во утринските и попладневните часови, додека ION е традиционално семејно – ориентирана.