Крвни капилари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Крвни капилари
A red blood cell in a capillary, pancreatic tissue - TEM.jpg
Пренос преку електронски микроскоп на капилар со една црвена крвна клетка во рамките на панкреасот. Капиларна поставата се состои од долги, тенки ендоепителијалните клетки, поврзани со тесни крстосници


Крвните капилари го претставуваат оној дел од циркулаторниот систем во кој крвта ги врши своите основни функции. Во капиларната мрежа се врши размена на хранливите материи, гасовите, водата, распаднатите продукти од метаболизмот, хормоните, хемиските активни материи и др. Оваа размена на материите меѓу крвта, на ниво на капиларите и меѓуклеточната течност има за цел да ја зачува постојаноста на физичко-хемиските својства, на меѓуклеточната течност од која зависи правилното функционирање на клетките во организмот.

Капилар

Градба и големина[уреди]

Капиларите се најмали крвни садови кои можат да се забележат единствено со помош на микроскоп. Изградени се од еден слој на ендотелни клетки кои мешусебе се поврзани со меѓуклеточна материја.

Просечната должина на капиларите се движи од 0,3 × 10-3-0,7 × 10-3 (0,3- 0,7 mm), а напречниот пречник варира во мошне широки граници што е во тесна врска со органот во кој се наоѓаат. Дебелината на ѕидот на капиларот изнесува (1 микрон). Вкупната должина на сите капилари во организмот со цени на околу 100.000 km.

Формата, големината и бројот на капиларите во различните органи е различен и главно зависи од функцијата на органот. На пример, во бубрезите капиларите земаат учество во процесите на филтрација и создавањето на примарната урина, во белите дробови учествуваат во размена на гасовите, а во дигестивните органи и во цревата земаат учество во ресорпцијата на хранливите материи итн. Бројот на капиларите во органите зависи од нивната метаболичка активност. На површина од 1 mm2 од напречниот пресек во срцевиот мускул има двојно повеќе капилари во споредба со скелетните мускули. Во организмот сите капилари не се отворени. Во услови на релативно мирување само 2% - 10% од капиларите се отворени, додека во услови на физичка работа голем број од капилари зависи од интензитетот и должината на работата. Протокот на крвта низ ткивата се регулира со отварање и затворање на капиларната мрежа.

Размена на материи[уреди]

Размена на материи низ капиларната мембрана: ѕидовита на капиларите претставуваат тенки, полупропустливи мембрани низ кои се врши размената на материите меѓу крвта и меѓуклеточната течност. Размената на течноста и на растворените материи низ капиларната мембрана се врши по пат на пиноцитоза, преку процесите на дифузија и филтрација. Во крвта, концентрацијата на О2 глукозата и аминокиселините е поголема, отколку во меѓуклеточната течност, па затоа овие материи дифундираат во меѓуклеточната течност, додека CO2, амонјакот и уреата дифундираат во спротивен правец.

Надворешни врски[уреди]

Портал од областа на медицината