Крвавиот престол (филм од 1957)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Замокот на пајаковата мрежа“, познат и како „Крвавиот престол“ (јапонски: (蜘蛛巣城) — јапонски филм од 1957 година во режија на Акира Куросава. Главните улоги ги играат: Тоширо Мифуне, Исузу Јамада и Такаши Шимура.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Јапонија, во феудалниот период. Враќајќи се од една задача, воините Вашицу и Мики во шумата среќаваат вештерка, која им претскажува дека наскоро Вашицу ќе стане владетел, но само до моментот кога шумата ќе прооди, а потоа власта ќе ја преземе синот на Мики. Кога се враќаат во дворецот, владетелот ги наградува за извршената задача така што им доделува повисоки чинови. Меѓутоа, Асаи, сопругата на Вашицу, го убедува дека само тој е заслужен за извршената задача и дека тој ја заслужува власта. Алчен за слава, Вашицу го убива владетелот и така го презема престолот. Потоа, плашејќи се од Мики, Вашицу го убива и него, но синот на Мики успева да побегне. Поради тоа, Вашицу ги презема сите мерки со цел да го убие Мики, сеќавајќи се на пророштвото...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]