Кралство Галиција

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Галиција
Reino de Galicia

410 — 584
910 — 1833
Знаме Royal coat of arms
Гесло
Hoc hic misterium fidei firmiter profitemur  (Latin)
"Here, with great faith, we confess this mystery"
Местоположбата на  Кралство Галиција  (red)

in Europe  (camel)

in the XI century.
Главен град Saint James of Compostela¹
Јазици Галициски
Вероисповед Христијанство
Уредување Монархија
Крал
 -  910-924 Ордоно II од Леон
 -  925-929 Санчо I
 -  1111-1157 Алфонсо VII од Леон и Кастилја
Законодавство Хунтас до Реино де Галиција
Историја
 -  Основана 410
 -  Замрела 1833
¹ By the early modern era established at Saint James of Compostela, and before that Lugo & various.

Кралството Галиција (шпански: Reino de Galicia) е историска држава која се наоѓала во северозападниот дел на Иберискиот полуостров. Неговата престолнина била Сантијаго де Компостела. Кралството било основано во 410 година од страна на германското племе Шваби, кои стекнале независност од Западната Римска империја на територијата на римските провинции Галиција и Северна Лузитанија. Во 585 година, кралството на Швабите било претпено односно присоединето кон кралството на Визиготите. Визиготското кралство пак опстојувало до 701 година, а неговите територии влегле во составот на Кралство Астурија. Во времето на Алфонсо III во 910 година, провинцијата била разделена помеѓу Кралство Астурија и Кралство Леон. Во 1065 година, кралството било разделено на синовите на Фердинанд I Кастилиски.

Галиција паднала под власта на Гарсија II, и тој бил објавен за крал на Кралство Галиција и Португалија. Во 1072 година, по повеќегодишната војна помеѓу синовите на Фердинанд I довело да Кралството Галиција и Португалија биде зазедено од страна на Алфонсо VI, кој станал и крал на Кастилија. Унијата помеѓу Португалија и Галиција била уништена во 1128 година од страна на Алфонсо I Португалски, кој се оделил како самостоен и независен владетел на Португалија. Во 1525 година, Галиција била присоединета кон Кралство Шпанија. Во нејиниот состав, Кралството Галиција имала определена автономија до 1833 година.