Корсет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Корсетот е облека што се носи за обликување и оформување на трупот во саканата форма за естетски или медицински цели (било заради должината на животот при носење или со подолготраен ефект). И мажите и жените носат корсети, иако многу почесто жените.

Неодамна, поимот „корсет“ бил позајмен во модната индустрија за да ги означува маичките, кои до различни степени го имитираат изгледот на традиционалните корсети без всушност да бидат корсети. Додека модерните корсети и маички-корсети често карактеризирале стегање или костур и главно ги имитирале историските стилови на корсети, тие ималe мал или воопшто никаков ефект врз формата на телото на тие што го носеле. Вистинските корсети најчесто се изработени од изработувачи на корсети и требало да одговараат индивидуално на тие што ги носат.

Етимологија[уреди]

Зборот корсет потекнува од стариот француски збор cors, деминутив од тело, што самиот потекнува од corpus - латински збор за тело. Занаетот за изработување на корсети е познат како corsetry, како што е и општо нивното носење. Некој кој изработува корсети е corsetier or corsetière (француски поими за маж и жена соодветно) или понекогаш едноставно corsetmaker. (Зборот corsetry понегогаш се кориисти и како колективна множинска форма од корсет).

Зборот корсет дошол во општа употреба во англискиот јазик во 1785 год. Зборот бил употребен од The Ladies Magazine за да опише „машки елек како јорган“ наречен un corset на француски. Зборот се користел за да направи разлика помеѓу лесните корсети од тешкиот мидер во тој период.

Употреби[уреди]

Медицински[уреди]

Луѓето со проблеми со ’рбетот, како сколиоза или со внатрешни повреди може да им одговара форма на корсет за да се имобилизира и заштити трупот. Andy Warhol кој беше застрелан во 1968 год, и никогаш целосно не се опорави, носеше корсет до крајот на животот.

Фетиш[уреди]

Освен модната и медицинската примена, корсетите се користеле и при сексуален фетишизам, најзабележително во BDSM активности. Во BDSM покорениот може да биде присилен да носи корсет кој многу цврсто ќе биде стегнат и ќе му даде степен на ограничување на тој што го носи. Надмоќниот може исто така што носи корсет, најчесто црн, но од целосно различни причини, како естентски, или да достигне, строг, со панцир, „релаксирачки“, заповедувачки изглед. Најчест фетиш костум за жена е костум – доминантна жена. Најчесто се состои од темен па дури и црн материјал. Жената најчесто носи корсет или bustier и чорапи со високи штикли на нозете. Високите чизми се доста чести за да ја зголемат доминацијата на жената. Костимите –доминантна жена најчесто имаат и додаток како камшик или јавачки камшик.

Конструкција[уреди]

Корсетите се карактеристично конструирани од флексибилен материјал (како ткаенина, особено волнена ткаенина, или кожа) зацврстени со костур (уште наречен ребра или мидер) во каналите од ткаенината или кожата. Во 19-ти век, челикот и рибината коска се фаворизирале за костурот. Перјестите коски што се користеле биле поефтина замена за рибината коска и се коструирале од сплескани прачиња на перја од гуска проткаени со конец за да формираат долга лента. Пластиката денес најчесто се користи како материјал за корсетите со мала тежина и најголемиот дел на ниско-квалитетни корсети, додека еластичниот или спирален челик се преферира за појаките корсети и главно за корсетите со поголем квалитет. Други материјали кои се користат во костурот вклучуваат слонова коска, дрво и прачки. (За споредба, коланот најчесто се прави од еластичен материјал, без костур).

Корсетите се спојуваат најчесто назад со врзување ( но не секогаш). Стегањето или олабавувањето на врзувањето создава соодветни промени во цврстината на корсетот. Во зависност од саканиот ефект и временскиот период, корсетите се врзуваат одозгоре надолу, од долу нагоре, или во двата правца од долу нагоре и обратно, со користење на две врвки што се сретнуваат на средината. Тешко е – иако не и невозможно – за оној кој носи корсет што се врзува назад, да си го врзува самиот. Во врвните викоторијански денови, жените кои биле ситуирани, биле врзувани од страна на слугинки, додека мажите од личен слуга. Сепак, многу корсети имаат копчиња или машко-женско копчиња на предниот отвор наречен busk. Кога еднаш врзувањето ќе се прилагоди, можно е да се остави така прилагодено, а корсетот да се облекува и соблекува само со помош на предниот отвор (овој метод може да го оштети busk ако врзувањето не е доволно олабавено претходно). Самостојното врзување е скоро невозможно при цврстото врзување, кое е насочено кон најголемо можно намалување на струкот. Оние кои сакаат цврсто стегањe (tightlacers), а кои немаат слуги, тоа најчесто им го прават брачните другари или партнерите.

Намалување на струкот[уреди]

При носење на корсети што цврсто се врзуваат за подолги периоди, што е познато како tightlacing, мажите и жените можат да се научат да го толерираат екстремното ограничување на струкот и по можност да ја намалат нивната природна големина на струкот. Сонот на тие што цврсто врзуваат (tightlacers) е 16 инчи (41 cm), 17 инчи (43 cm)струкови, но повеќето се задоволуваат со 20 инчи (51 cm). Се до 1998 год., Гинисовата книга на рекорди ја наведуваше Етел Грангер дека има рекорден најмал струк од 13 инчи (31 cm). По 1998 год., оваа категорија беше променета во „најмал струк на жива личност“ и Кети Јунг ја освои титулата со 15 инчи (38 cm) струк. Друга жена, како Polaire, исто така достигнала намалувања (14 инчи (36 cm) во нејзиниот случај). Сепак, ова се екстремни случаи. Корсетите биле и се уште се дизајнирани за поддршка, со слобода на движење на телото и со големо значење на дизајнот. Сегашните носители на корсети најчесто го стегнуваат корсетот само доволно за да го намали нивниот струк 2 инчи (5.1 cm) до 4 инчи (10 cm); многу е тешко за повитките жени да достигнат околу 6 инчи (15 cm) намалување, иако повисоките жени тоа можат лесно да го достигнат.

Цевчест струк[уреди]

Цевчест струк[уреди]

Некои корсети со тенка половина може да имаат цевчест струк, сепак, ова не било многу често, бидејќи зголемениот притисок на градниот кош можел да биде неудобен. Силуета со цевчест струк е дадена со носење на одреден вид на корсет. Корсетот е дизајниран така што обемот на струкот е продолжен за растојание над природната линија на струкот. Ова може да стави значителен притисок на долните ребра бидејќи се притиснати на внатре. Кратките цевчести струкови биле најчесто најдени кај корсетите со тенка половина, сепак, никогаш не биле карактеристични и извештаите за цевчестите струкови на корсетите во деветнаесетти век – што често цитираат висина до 15 cm – се поверојатно сексуална фантазија отколку реалност, како резултат на тежината и неудобноста при носење на корсет со цевчест струк. Корсетите и понатаму биле норма, но повеќе не била претерана широко-тесно-широко силуетата на корсетите со тенка половина.