Колеж на младенците витлеемски (Пусен)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Колеж на младенците витлеемски (Пусен)
УметникНикола Пусен Уреди на Википодатоците
Годинаc. 1628
МедиумМасло на платно
Димензии147 cм (58 ин) × 171 cм (67 ин)
МестоположбаМузеј Конде
Пристапен бројPE 305 Уреди на Википодатоците
ИдентификувачиJoconde-назнака: 00000077253

Колеж на младенците витлеемски или Масакрот на невините — слика од 1625-1632 година на Никола Пусен, која го прикажува Масакрот на невините.[1] Веројатно сликата била нарачана од римскиот колекционер Винченцо Џустиниани, веројатно во спомен на трагичната судбина на неговите деца земени како заложници од Отоманското Царство во 1564 година. Останала во Палацо Џустиниани до 1804 година, кога ја купил Лусиен Бонапарта. Потоа поминала низ неколку други раце пред да биде купена во Лондон од Хенри д'Орлеанс, војводата од Омал. Сега е во Музејот Конде во Шантили, Франција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „PE 305 Le Massacre des Innocents“. www.musee-conde.fr (француски). Посетено на 2021-11-16.