Кал (филм од 1984)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кал (англиски: Cal) - британски филм од 1984 година, во режија на Пат О'Конор (Pat O'Connor), според сценариото на Бернард Меклаверти (Bernard MacLaverty), засновано врз неговата истоимена новела. Главните улоги ги играат: Хелен Мирен (Helen Mirren) и Џон Линч (John Lynch). На Канскиот фестивал во 1984 година, Хелен Мирен била наградена за улогата на Марсела, а режисерот бил номиниран за „Златна палма“. Идната година, Мирен и Џон Линч биле номинирани и за наградата БАФТА.<ref>HRT, Cal, britanski film - ciklus Britanski film 1980-ih (пристапено на 2.12.2019)

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во 1970-тите во Северна Ирска. Младиот католик Кал (го игра Линч) е припадник на ИРА. За време на една акција, во која тој е само возач, припадниците на ИРА убиваат полицаец во неговиот дом. Додека умира, полицаецот ја повикува својата жена Марсела. Една година подоцна, Кал дознава дека вдовицата на полицаецот е библиотекарката Марсела (ја игра Мирен), која е со католичка вероисповед. Оптоварен со својата улога во убиството, Кал се обидува да ја напушти ИРА, но членовите на организацијата го притискаат да остане. Во меѓувреме, тој и Марсела започнуваат љубовна врска, но притоа таа не знае дека тој е вмешан во убиството на нејзиниот сопруг...<ref>HRT, Cal, britanski film - ciklus Britanski film 1980-ih (пристапено на 2.12.2019)

Наводи[уреди | уреди извор]

[Категорија:Филмови на Пат О'Конор]]