Калајџиско оро

Од Википедија — слободната енциклопедија

Калајџиско е машко македонско оро, кое кореографски потекнува од Велешко.[1]

Ова е умерено брзо оро кое кон крајот се забрзува. Се одликува со мирни движења и балансирани чекори. Се игра со потскоци и ниски потклекнувања. Обилува со драмски елементи, својствени на калајџискиот занает. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Се држат за рамо. Ритамот е 11/16. Постојат две варијанти на ова оро.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 200-203