Интернет протокол телевизија

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

IPTV (Internet Protocol Television, македонски: Интернет Протокол Телевизија) е систем каде дигиталната телевизија се трансмитува преку Internet Protocol. Може да се каже дека ИПТВ е телевизија која наместо да биде пренесувана преку стандадните предаватели се предава низ интернет мрежата. Доволно е да се има телефонска линија и АДСЛ за да може да се употребува оваа услуга.

Најчесто ИПТВ доаѓа во пакет со Video on Demand или со VoIP. Комерцијалното спојување на ИПТВ, VoIP и интернет пристапот уште се нарекува "Трипл Плеј" сервис. ИПТВ користи двонасочен дигитален сигнал кој се пренесува преку телефонска линија или интернет врска и сет-топ-бокс (рисивер) кој е програмиран со специјален софтвер.


Содржина

[уреди] Протоколи

Видеото најчесто е компресирано во MPEG-2 или MPEG-4 кодек. Понов кодек е MPEG-4 кој овозможува и телевизија со висока резолуција (HDTV).


[уреди] Интерактивност

ИПТВ платформите овозможуваат интеракција помеѓу корисникот и телевизијата. Можно е да се видат информации за филм како и податоци за актерите и актерките. Исто така и напредниот телетекст е од голема корист бидејќи претставува еден вид на медиум каде може да се добијат информации за времето, вести, тв-програма итн.


[уреди] Ограничувања

Поради тоа што ИПТВ-то бара пренос на податоци во реално време и користи интернет, постои можност сликата да се изгуби или да се замрзне поради квалитетот на интернет конекцијата. Пред се' ова зависи од брзината на интернетот. Препорачани типови на интернет за ИПТВ се кабелски, АДСЛ или ФиОС.


[уреди] ИПТВ во Македонија

Во Македонија, на 17 ноември 2008 година, официјално започна да функционира ИПТВ сервисот од страна на Македонски Телеком под името MaxTV.

[уреди] Референци

[уреди] Надворешни врски