Семрежен услужник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Семрежен услужник (ISP, од анг. internet service provider) — фирма која им нуди на своите клиенти пристап до семрежјето.[1]. Семрежниот услужник ги поврзува своите корисници на Интернет, користејќи технологија за пренос на податоци, соодветна за доставување на семрежен протокол пакети или рамки, како што се dial-up, DSL, кабелско семрежје, безжичен или посветен на високо-брзински интерконекции.

Овие услужници може да обезбедат сметки за е-пошта на корисницните што им овозможува да комуницираат еден со друга со праќање и примање на електронски пораки преку нивните служби за семрежни услужници. Услужните можат да обезбедат услуги како што се далечинско складирање на датотеки со податоци во име на своите клиенти, како и други услуги, единствени за секој поеднинечен услужник.

Краен корисник на врската[уреди]

Услужниците користат голем број на технологии за да им овозможат на потрошувачите да се поврзат на нивните мрежи.

За корисниците и малите бизниси, во најпопуларни опции спаѓаат dial-up, DSl (или, Асиметрична дигитална претплатничка линија, ADSL), широкопојасен безжичен интернет, Кабелски интернет, FTTH и интегрирани служби за дигитални мрежи (ISDN)(основна стапка на интрфејс). За клиентите со покомплицирани барања, како што се средни, до големи бизниси или другите услужници, DSL (често SHDSL или ADSL), Етернет, Metro Ethernet, Gigabit Ethernet, Frame Relay, ISDN (BRI или PRI), ATM, Сателитски интернет пристап и синхрони оптички мрежи се најсоодветни за користење.

Опции за поврзување на Интернет од краен корисник до Ниво 3/2 на ИСП

Типични врски за домашно користење

  • Широкопојасен безжичен пристап
  • Кабелски
  • Тонски (на бирање, наречен и dial-up)
    • ISDN
    • Модем
  • DSL
  • FTTH
  • Wi-Fi

Типични врски за бизнис корисници

  • DSL
  • Етернет технологии
  • Изнајмена линија
  • SHDSL

Место[уреди]

При користење на ISDN или dial-up метод на поврзување, семрежниот услужник неможе да ја утврди физичката локација на повикувачот, освен користење на бројот кој што се пренесува преку соодветна форма на Caller ID; Целосно е возможно да се поврзете на пример со услужникот кој се наоѓа во Мексико и во САД. Другите начини на поврзување, како што се кабел или DSL побаруваат фиксна регистрирана јазол врска која што е поврзана со услужникот преку физичка адреса.

ИСП интерконекција[уреди]

Internet Connectivity Distribution & Core.svg

Како што клиентите плаќаат на услужникот за пристапот до интернет, така и самиот услужник плаќа на погорните услужници за пристап на интернет. Погорните услужници обично имаат поголема мрежа од договорниот услужник и/или се способни да го снабдат договорниот услужник со пристап до делови од интернетот до кои самиот договорен услужник неможе да пристапи.

Во наједноставен случај, една врска е воспоставена со погорниот услужник и се користи за пренос на податоци до или од области на Интернет надвор од домашната мрежа. Овој начин на поврзување е честопати повторуван каскадно се додека не се постигне пренесување на ниво 1. Во реалноста, оваа ситуација е малку посложена. Услужниците со малку повеќе од една точка на присуство (PoP), може да имаат повеќе оддлени врски со погорните услужници во повеќе точки на присуство(PoP), или може да бидат корисници на повеќе услужници и може да имаат конекции преку секој од нив во една или повеќе точки на присуство.

Делење[уреди]

Услужниците може да се вклучат во делење (peering), каде што повеќе услужници се спојуваат во точки за споделување или точки за размена на интернет (IXS) овозможувајќи рутирање на податоците помеѓу секоја мрежа без надополнување еден со друг за пренесените податоци-податоци кои инаку би поминале преку трет услужник кој е на повисоко ниво, правејќи му трошоци на погорниот -услужник. Услужниците не побаруваат подигање на податоци и имаат само корисници(крајни корисници и/или колегите од ИСП) кои се нарекуваат Ниво 1 ИСП. Мрежниот хардвер, софтвероот и спецификациите, како и стручноста со управувањето со мрежата се важни за да се осигураме дека податоците протекуваат по сигурен пат и нагорните врски работат сигурно. Можно е губење на цената и ефикасноста.

Виртуелен услужник[уреди]

Виртуелен услужник е операција која купува услуги од друг услужник (понекогаш се нарекува „големопродажен услужник“ во овој контекст)[2] што им овозможува на клиентите на виртуелниот услужник пристап на Интернет со користење на услугите и инфраструктурите кои се во сопственост и управувани од големиот услужник.

Бесплатен услужник[уреди]

Бесплатни услужници се оние кои што обезбедуваат услуги бесплатно. Многу слободни услужнци прикажуваат реклами додека корисникот е приклучен на интернет, како комерцијална телевизија, во некоја смисла тие го продаваат вниманието на корисникот на рекламаторот. Други бесплатни услужници често се нарекуваат freenets, работат на непрофитна основа, обично со доброволен кадар.

Слични услуги[уреди]

  • Широкопојасен пристап
    • Фиксен безжичен пристап
    • Кабелски пристап
    • Triple Play
  • Вдомување
    • Вдомување на мрежни места
    • Вдомување на е-пошта
    • Вдомвање на DNS
  • Динамичен DNS

Наводи[уреди]