Инспектор (филм од 1965)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Инспектор“ — југословенски филм од 1965 година, во режија на Мило Ѓукановиќ. Главните улоги ги играат: Слободан Перовиќ, Снежана Никшиќ, Љубиша Самарџиќ, Павле Вуисиќ, Љуба Тадиќ, Здравка Крстуловиќ. На Пулскиот филмски фестивал, Ѓукановиќ ја освоил специјалната награда за режија.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Бода случајно наоѓа легитимација со која се претставува како инспектор за стопански криминал. Така, тој запаѓа во разни сплетки, но истовремено открива голема проневера во едно претпријатие и помага во фаќањето на виновникот. Тоа му овозможува да се спаси себеси од затворската казна, откако се дознава дека тој не е вистински инспектор.

Наводи[уреди | уреди извор]