Индустрија за преработка на овошје и зеленчук

Од Википедија — слободната енциклопедија

Индустријата за преработка на овошје и зеленчук — гранка на прехранбената индустрија која се занимава со преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.

Индустријата за преработка на овошје и зеленчук во Македонија[уреди | уреди извор]

Во 2019 година, индустријата за преработка на овошје и зеленчук во Македонија ја сочинувале 187 претпријатија од кои 101 биле микро, 67 мали, 16 средни, а само три биле големи (Вивакс Доо Скопје, Дием-ГП Доо Гевгелија и МАМАС Фоод Доо Струмица). Во поглед на територијалната разместеност, најмногу фирми имало во Скопје (58), а потоа во Струмица (12), Гевгелија (9), Битола и Кочани (по 7) и Куманово (6). Вкупниот приход остварен во оваа индустрија во 2019 година изнесувал 7 757 612 871 денар од кои 73,5% (5 708 684 988 денари) биле остварени во најголемите 20 претпријатија. Во 2019 година, остварената добивка во оваа индустрија изнесувала 558 373 560 денари, а 86,5% (483 317 244) биле остварени во најголемите 20 претпријатија. Во 2019 година, во индустријата за преработка на овошје и зеленчук биле вработени вкупно 1 839 лица (1 945 во 2018 година) од кои 1 290 работеле (70%) во најголемите 20 претпријатија.[1]

Најголеми претпријатија во индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук во Македонија во 2019 година (според вкупниот приход)[2]
Претпријатие Вкупен приход (милиони денари)
Тргопродукт 662,6
Вивакс 617,9
Дием-ГП 517,4
Фруктал-Мак 405,4
Бимфоод 349,2
Вори Јорданка 323,6
Ларс 305,1
Дим-Комерц 304,6
Бестфуд Ти 286,6
Випро 256,1
Вита Рес 207,5
Мамас Фоод 202,5
Румко 91 197,5
Техноалат Комерц 196,3
Дентина 176,1
Кривогаштани промет 167,4
Фунги Флора 149,4
Ким 141,5
Ксенос 133,9
Бонум 107,8
Најголеми претпријатија во индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук во Македонија во 2019 година (според добивката)[3]
Претпријатие Добивка (милиони денари)
Тргопроизвод 106,3
Дием-ГП 73,5
Вивакс 42,8
Мамас Фоод 36,6
Дим-Комерц 33,1
Бестфуд Ти 24,4
Вори Јорданка 19,7
Випро 19,6
Фруктал Мак 19,6
Бимфоод 18,6
Кривогаштани промет 16,3
Ксенос 11,0
Румко 91 9,8
Вита Рес 9,7
Греен производ 8,5
Бага Фоод 7,0
Веса-компани 6,9
Нимекс СА 6,8
Ларс 6,8
Аграр-ко 6,4
Најголеми претпријатија во индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук во Македонија во 2019 година (според вработените)[3]
Претпријатие Број на вработени
Вивакс 100
Техноалат Комерц 100
Дим-Комерц 98
Ексклузив 90
Бонум 90
Вори Јорданка 80
Тргопроизвод 69
Ким 66
Бага Фоод 60
Бестфуд Ти 60
Випро 59
Фруктал Мак 59
Дием-ГП 58
Олив-Пак 54
Вита Рес 45
Ксенос 44
Румко 91 43
Дентина 42
Греен Производ 37
Кривогаштани-Промет 36

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 55-56.
  2. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 54.
  3. 3,0 3,1 Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 55.