Индијанска територија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Индијанска територија или индијанско подрачје (или индијанска област) била територија во САД посебно одредена за американските домородни племиња. Границите биле одредени со посебен закон од 1834 година.
Индијанската територија служела како дестинација за отстранување на Индијанците од страна на американските претседатели од тоа време (почеток на 19 век). Со законот за преселба на Индијанците од 1830 година, претседателот Ендрју Џексон присилно ги преселил таканаречените „Пет цивилизирани племиња“ од југот. Преселбата е позната под името „патеката на солзите“. Патот завршувал во Арканзас и Оклахома, каде веќе живееле некои индијански племиња, како и бели дојденци и избегани робови. Племињата како што се Чеените, Апачите и други, се исто така насилно иселени од земјата на своите претци и префрлени се на индијанската територија.