Илија Трпевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Илија Стојанов Трпевски ( 1928 во Горно Соње, Скопско25 април 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во разни борби низ Македонија за ликвидирање на одметнатите балистички банди. Подоцна се префрлил во Четиринаесеттата македонска ударна бригада. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. При јуришот на Славонска Пожега храбро загинал на 25 април 1945 година. Бил закопан во градот каде што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 151. На |first= му недостасува |last= (help)