Извештај од Октомвриску

Од Википедија — слободната енциклопедија
Податотека:Podzeman Efekt - Izvestaj od Oktomvrisku.jpg
Корица за албумот Извештај од Октомвирску од бум-бап групата Подземан Ефект од Куманово.

„Извештај од Октомвриску“рап (бум-бап) албум на кумановската група „Подземан ефект“. Албумот првично требало да излезе во 2004 година, но поради технички проблеми (лоши услови за снимање, недостиг на опрема за снимање и неодговорност на нивниот продуцент), групата морала да го преснима целиот албум повторно и тој бил објавен во форма компакт-диск, во 2010 година (иако на албумот не е наведена годината на издавањето). Албумот е составен од вкупно 17 песни кои се напишани на кумановски дијалект, што е препознатлив знак на групата. На албумот, двајцата членови на групата, Ти-Гоуст и Миљуш, зборуваат за околностите во нивната населба.

Автори на музиката и текстовите се членовите на групата, продукцијата е дело на Хагенит (Hagenith), а графичкиот дизајн е дело на vespertine.[1]

Песни[уреди | уреди извор]

Албумот се состои од 18 песни:[2]

  1. Увод у подземје
  2. Подземан стил
  3. Како стоив ствари
  4. Тврдокорни на микрофони
  5. 100% реално
  6. Стиховни факти
  7. Џабе ви све
  8. Лирички вештине
  9. Емси свакодневно
  10. Хардкор до коску
  11. Тотална доминација
  12. Не ни га сфаќав филм
  13. Услови нула
  14. Што се дешава?
  15. Да ти ебу детство
  16. С'с тек на време
  17. Презентација на кумановски рап
  18. Слободан рецитат

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Подземан ефект, Извештај од Октомвриску (CD, без дата).
  2. Подземан ефект, Извештај од Октомвриску (CD, без дата).