Знаме на Азербејџанската ССР
Од Википедија, слободната енциклопедија
Знамето на Азербејџанската ССР било усвоено на 7 октомври 1952 година од страна на тогашната влада на Азербејџанската ССР. Знамето било исто со знамето на СССР со додаток на сина трака во долниот дел. Првото знаме било усвоено во 1920, но траело до 1921 затоа што тогаш Азербејџанската ССР била во склоп на Транскавкаската СФСР и го користела знамето на Транскавкаската СФСР се до 1937. По 1937 првобитното знаме на Азербејџанската ССР било во црвена боја со срп и чекан во горниот лев агол и скратеница за републиката на азербејџански јaзик. Од 1937 до 1940 текстот бил на латиница, а од 1940 до 1952 текстот бил испишан на кирилица.
[уреди] Историски знамиња
[уреди] Поврзано
| Знамиња на Советските Републики |
| Азербејџанска ССР - Белоруска ССР - Грузиска ССР - Ерменска ССР - Естонска ССР - Казахстанска ССР - Киргистанска ССР - Латвиска ССР - Литванска ССР - Молдавска ССР - Руска СФСР - Таџикистанска ССР - Туркменистанска ССР - Узбекистанската ССР - Украинска ССР Знаме на СССР |