Знаме на Киргиската Советска Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знаме на Киргиската ССР.

Знамето на Киргиската Советска Социјалистичка Република било усвено на 22 декември 1952 година од страна на тогашната влада на Киргиската ССР. Ова знаме било во употреба сè до 3 март 1992 година, кога било заменето со денешното знаме на Киргистан.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Знамето било во црвена боја, по средината се протегала бела линија, а во горниот и долниот дел две подебели темни сини линии. Во горниот лев агол се наоѓал срп и чекан со петокрака.

Пред ова, во употреба било црвено знаме со два златни кирилични натписи во горниот лев агол, на киргиски, КЫРГЫЗ ССР (Киргиз ССР), и руски јазик, КИРГИЗСКАЯ ССР (Киргискаја ССР).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]