Знакот лав (филм од 1962)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знакот лав (француски: Le Signe du lion) - француски филм од 1962 година, во режија на Ерик Ромер, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Џес Хан (Jess Hahn), Мишел Жирардон (Michèle Girardon), Ван Дуд (Van Doude), Жилбер Едар (Gilbert Edard). Филмот е снимен во 1959 година, но бил прикажан дури три години подоцна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Пјер Веселрин (го игра Хан) е Американец кој живее во Париз на товар на своите пријатели и љубовници. Еден ден, тој добива телеграма дека умрела неговата богата тетка, а тој е еден од двајцата наследници. Очекувајќи дека ќе добие големо богатство, Пјер ги собира пријателите и прави забава. Меѓутоа, неговата етка целото богатство му го остава на внукот во Германија и Пјер останува со празни раце. Набргу, неговите пријатели заминуваат на одмор, а тој останува сам во Париз, без пари. Кога веќе не може да ја плаќа хотелската соба, тој мора да преспива на улица. Во следните денови, тој талка низ улиците на Париз, гладен и очаен, а на крајот станува скитник и просјак. Тогаш, неговиот германски роднина погинува во сообраќајна несреќа и Пјер станува единствениот наследник на богатството, но тој воопшто не знае за убавата вест, иако весниците пишуваат за тоа. Најпосле, по завршувањето на годишните одмори, двајца негови пријатели го бараат насекаде при што дознаваат дека тој наследил големо богатство. Една ноќ, тие го среќаваат Пјер како проси и му ја соопштуваат радосната вест.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]