Златен гонг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Златен гонг е меѓународен турнир во бокс што се одржува во Скопје.

44. Златен гонг - 2014[уреди | уреди извор]

На 44. издание на турнирот, одржано во ноември 2014 година, во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, главната награда „Златен гонг“ му припаднала на боксерот од Албанија, Кристијан Денај, кој победил во категоријата до 91 килограм. Од македонските боксери, триумфирал единствено Амет Еминовиќ, кој победил во категоријата до 60 килограми. Наградата за најдобар странски боксер ја добил Радослав Пантелеев од Бугарија, а за најдобар техничар бил прогласен Џошуа Буаци од Англија. Пехарот за најдобар тренер му припаднал на бугарскиот тренер Валентин Попголов, за најдобар судија бил прогласен Рон Керни од Англија, а Салја Насер од Косово бил прогласен за најборбен боксер.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Албанецот Денај го освои Златниот гонг“, Дневник, година XVIII, број 5613, понеделник, 10 ноември 2014, стр. 22.