Зајди, зајди, јасно сонце
Од Википедија, слободната енциклопедија
Зајди, зајди, јасно сонце е популарна македонска народна песна која во недамнешно време здобива популарност низ целиот Балкан. Во последните шеесет години, песната станува една од песните што жителите на поранешната Југославија највеќе ја поврзуваат со Република Македонија.
[уреди] Потекло
Песната била напишана и музиката составена од Александар Сариевски. Сариевски вели:
- „Песната „Зајди, зајди, јасно сонце“ настана по примерот на народната „Чернеј горо, чернеј сестро“. Слушајќи ја таа песна и пеејќи ја понекогаш, од мене произлезе идеја да направам нешто слично по содржина, но со сосема друга мелодија. Така, полека ја испеав песната, која што набргу стана многу популарна секаде каде што ја пеев. Таа песна мене ми значи многу зашто ја прифатија многу луѓе што се занимаваат со народната музика, но пред сè многу ми значи што ја прифати народот. Секогаш кога некаде ќе настапев мислам дека секој од присутните очекуваш оваа песна да ја испеам“.[1]
[уреди] Стихови
- Зајди, зајди, јасно сонце,
- Зајди, помрачи се,
- И ти, јасна ле месечино,
- Бегај, удави се.
- Црнеј, горо, црнеј, сестро,
- Двајца (двата) да црнееме,
- Ти за твоите лисја ле, горо,
- Јас за мојта младост.
- Твоите лисја, горо сестро,
- Пак ќе ти се вратат,
- (А) мојта младост, горо ле, (сестро),
- Нема да се врати.
[уреди] Фусноти
- ↑ Тодевски, К. (2002) „Од Галичник до легенда“. Дирекција за култура и уметност, Скопје.