Есенцијализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Според феминизмот есенцијализмот е стојалиште дека разликите меѓу мажите и жените се суштински, дека постојат посебни машки и женски природи, за разлика од гледиштето дека разликите се социјално/експериментално конструирани. Доколку разликите се суштински, тогаш се претпоставува дека тие се универзални, „природни” и произлегуваат од биологијата.

Лис Иригаре тврди дека постојат суштински женски разлики кои произлегуваат од биолошките разлики. Тереза де Лауретис тврди дека феминистите треба да „ризикуваат” есенцијализам бидејќи тоа е она што прави разлика меѓу феминистичко и нефеминистичко мислење. Италијанските, културалните и француските феминисти се согласуваат дека мајчинството е суштинско актуелно или потенцијално искуство. Антиесенцијалистите, пак, се загрижени дека теориите за есенцијални родови разлики се премногу конзервативни. Деконструкционистите и радикалниот феминизам ги напаѓаат поставените дихотомии (мажественост/женственост), психоаналитичарите тврдат дека сексуалноста е конструирана од јазикот, па субјектот на феминизмот не е „жената”, постмодернистите го предизвикуваат мислењето за универзалноста во масовната култура, додека Џудит Батлер го предизвикува есенцијализмот со постструктуралистичкиот концепт дека родот е „перформанс”.[1]

Белешки[уреди]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. http://www.zdruzenska.org.mk/article.asp?id=336. конс. 22 јуни 2007.