Ензимска катализа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ензимска катализа или катализа со ензимикаталитичка реакција што се случува во живите организми. Притоа, улогата на катализатор во реакцијата ја играат супстанциите што се викаат ензими.

Опис[уреди | уреди извор]

Ензимите се белковини кои се образувани од макромолекули чии размери се меѓу оние на обичните молекули или јони и агрегатите од таквите честички. Токму затоа, ензимската катализа има карактеристики што ја доближуваат и до хомогената и до хетерогената катализа. Понекогаш, дејствувањето на незимите е отежнато или невозможно ако не се присутни супстанциите што се викаат коензими. Најголемиот дел од ензимите се одликуваат со извонредна специфилност, т.е. тие можат да дејствуваат или само врз еден супстрат, катализирајќи само една реакција, или да дејствуваат врз неколку структурно блиски супстрати, катализирајќи едн аили неколку слични хемиски реакции. Во молекулата на ензимот постои дел што е структурно сличен со градбата на супстратот врз којшто дејствува ензимот. Токму во тој дел се вградува супстратот кој се ензимот образува еден вид комплекс во кој доаѓа до преуредување на атомите и до образување на честички од продуктите. Овие честички потоа се одделуваат од ензимот, овозможувајќи тој да прими нови честички од супстратот. Така, мали количества од ензимот можат да катализираат соодветна реакција кај големо количество супстрат и да ја забрзаат реакцијата за стотици илјади пати. Како последица на тоа, од повеќе можни реакции, со забележлива брзина тече само една. Меѓутоа, молекулите не ензимите имаат флексибилност и може да ја менуваат формата. Поради тоа, некои ензими не се апсолутно специфични, туку можат да катализираат реакции и кај повеќе супстрати.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. 43-44.