Елисејски Полиња
Од Википедија
Шанз-Елизе или Елисејски Полиња (француски: Champs-Élysées, МФА: /ʃɑ̃zelize/ audio ), е широка авенија во Париз. Целосното име е „авенија на Елисејските Полиња“ (француски: „avenue des Champs-Élysées“. Улицата е една од најпознатите улици во светот, со многу кина, кафулиња и луксузни специјализирани продавници. Името се однесува на Елисејските Полиња, местото на благословените во Грчката митологија. Шанз-Елизе исто така се нарекува и „најубавата авенија на светот“ (француски: la plus belle avenue du monde)
[уреди] Опис
Авенијата е долга 2 километри, низ осмиот округ во северозападен Париз, од плоштадот Конкорд на исток со обелискот пред неа, до Плоштадот Шарл де Гол на запад, локацијата на Триумфалната Порта. Шанз-Елизе формира дел од т.н. историска оска (француски: Axe historique).
Долниот дел на Шанз-Елизе е ограничен со зеленило и згради како Théâtre Marigny и Grand Palais (каде се наоѓа Palais de la Découverte). Елисејската палата е малку на север, надвор од самата авенија. На запад во авенијата се лоцирани кина, театри, кафулиња и ресторани (како Фуке (фр. Fouquet's)), и луксузни продавници.
[уреди] Настани
Секоја година на Денот на Бастиља, најголемата воена парада во Европа минува низ Елисејските Полиња, проследена од Претседателот на Републиката.
Елисејските полиња се и традиционален крај на последната етапа на Тур де Франс.
Големи спонтани собири повремено се случуваат на Елисејските полиња, како Новогодишни прослави, или кога Франција го освои 1998 ФИФА Светското Првенство.
|
Авенијата Елисејски Полиња од Триумфалната Арка, поглед источно кон Лувр |
Поглед од Триумфалната Арка кон Шанз-Елизе |
||
[уреди] Надворешни врски
Шаблон:Туристички атракции во Париз