Еднокамена архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еднокамениот храм Панча Ратас, издлабен во карпа, крајот на VII век.

Еднокамена архитектура, или монолитна архитектура, ― архитектура која опфаќа градби кои се врежани, лиени или ископани од едно парче материјал, историски од карпа. Најосновниот облик на еднокамена архитектура е градба со исечена карпа, како што се еднокамените цркви во Етиопија изградени од династијата Загве или Панча Ратас во Индија. Тие се исечени од цврста карпа, на која остануваат прицврстени во основата. Во повеќето случаи тоа е очигледно од преостанатата околна карпа, но понекогаш градбата се сече од излевањето, како во храмот Шоре во јужна Индија, и само проверка одблизу открива дека зградата е еднокамена.

Поимите еднокамен (монолит) и еднокамен (монолитен) столб вообичаено се користат за предмети направени од едно големо парче карпа што е одвоено од земјата. Тие можеби биле поместени на значително растојание, како и со неколку староегипетски обелисци, кои биле преместувани низ целиот свет. Градбите со градежен материјал што се истура на своето место, најчесто бетон, исто така може да се опишат како еднокамени. Крајни примери се еднокамени куполи, каде што материјалот се прска внатре во облик за да се добие цврстата структура.

Антички пример за еднокамена купола е оној на Мавзолејот на Теодорих во Равена, Италија, чиј покрив е направен од еден камен.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Расел Старгис, Sturgis' Illustrated Dictionary of Architecture and Building

Надворешни врски[уреди | уреди извор]