Евангелие според Петар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Евангелие според Петар
Дата 2 век
Препишано Свети Петар
Место Сирија?
Јазик theme=
Ракопис 8 век
Аудиторија
Тематика {{{theme}}}

Евангелието според Петар е неканонско евангелие кои Црковните Отци го прогласиле како апокриф. Ова евангелие било едно од првите кое било пронајдено на територијата на Египет. Во 1886 година, во Горен Египет, во една монашка гробница кај селото Акмимин, еден француски археолог открил дел од оваа евангелие, како препис од 8 век, заедно со делови од Откровение на Петар.

Главната теза во евангелието според Петар е одговорноста на Ирод Антипа, наместо на Понтиј Пилат, околу распнувањето на Исус. Евангелието го опишува страдањето на Исус, неговиот погреб и неговото воскресение и тврди дека одлуката за погубување на Исус не била донесена од страна на Понтиј Пилат, туку од еврејскиот крал Ирод. Според евангелието, и самите еврејски свештеници и старешини разбрале какво зло сториле, па ударајќи се по своите гради изговарале: Судот и пропаста на Ерусалим се приближува. И овде, како и кај канонските евангелија, гробот каде било положено телото на Исус припаѓало на Јосиф од Ариматеја. На крај, и самиот Пилат, под притисок на видените чуда, признал дека Исус е Божји Син.

Евангелието го споменува Ориген во своето толкување околу евангелието на Матеј. Јустин филозоф во својата Прва апологија дава извор дека го познава ова евангелие. Евангелието се сметало дека датира од времето кога апостол Петар починал. Научниците генерално се согласуваат дека евангелието било пишувано во втората половина на 2 век. Самиот Серапион го осудил овој текст во околу 190 година.