Душан Миленковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Душан Миленковски

Душан Стевков Миленковски ( 1921 во Чучер, Скопско — во Ниш, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото. Во 1941 година добил позив да оди на отслужување на воениот рок во бугарската фашистичка армија. Со уште некои соселани одлучиле да избегаат од војската и да им се приклучат на партизаните.[1] Идејата ја реализирале со тоа што се приклучиле во Сврлишкиот одред, меѓу Бела Паланка и Бабушница. Учествувал во акциите на Сврлишкиот партизански одред. Под притисок на големите непријателски сили, еден дел од одредот се расформирал. Околу шест месеци се криеле во околните села. Подоцна од изнемоштеност починал во Ниш.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 92. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 95. ISBN 9989-35-022-1.