Дукат (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дукат
Поглед на планината Дукат со највисокиот врв Црноок
Највисока точка
Надм. вис.1.881 м
Матичен врвЦрноок
Географија
Дукат на карта

Карта

Место Србија/Македонија Македонија

Дукат — средновисока планина во југоисточна Србија и крајниот североисточен дел на Македонија. Планината има голо и заоблено било со просечна надморска височина од 1.400 м. Највисок врв е Црноок со надморска височина од 1.881 м, додека во Македонија највисок е врвот Аниште (1.786 м).[1] Според геоморфолошкиот состав, планината се состои од кристални шисти и гранит. Во бугарската географија се среќава како дел од Краиштидите, додека во српската географија се сврстува во Родопската Зона.

На врвот Бела Вода на Дукат се наоѓа изворот на реката Пчиња.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Милевски, Ивица; Маркоски, Благоја; Димитровска, Олгица (2012). „Физичко-географски атрактивности во североисточниот дел на Република Македонија“ (PDF). Географски разгледи. Скопје. 46 (79-97): 79–97. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-10. Посетено на 2018-04-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]