Дрво што крвави

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дрво што крвави - книга со избор од поезијата на Анте Поповски.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 121 песна, групирани во пет циклуси:[1]

  • Ненасловена, со песните: „Врвои“, „Дрво што крвави“, „Запис за ковачот“, „Камено око“, „Орлица, орница, ортома“, „Есенска за нас двајцата“, „Лековита“, „Точна дијагноза“, „Епитаф“, „Одново во Солун“, „Второто создавање и, конечно“, „Барам едно место“, „Свештен страв“, „Недостижност“, „Кога би се случило тоа“, „Палимпсести“, „Одговор“, „Вечерно“, „Антигона“, „Вероломно писмо“, „Автономност“, „Ќе чекам“, „Алелуја“, „Каменот на Жан Русло“, „Копнеж“, „Запис“, „Откривање на огниште в планина“, „Црниот ангел“, „По потопот“, „Река“, „Камена приказна“, „Два камени столба“, „Шетајќи по брегот на Егејското Море“, „Волкот“, „Патувајќи со Фенг по Македонија“, „Монахот од Кучевиште што создаваше ружи“, „Споменот на пустината“, „Заробеник“, „Вечности“, „Разговор меѓу Павлов и Шагал“, „Таа“, Повелба на Александар Македонски“, „Темистокле“, „Компаративна алгебра“, „Каменот што го одминувате“, „Прослава, свечености“, „Лов“, „Псалм 2“ и „Псалм 3“.
  • Сина песна, со песните: „Јагленари“, „Суша“, „Две стебла благуни“, „На македонските пазари“, „Мајсторот и мостот“, „Гламна“, „Долина на детството“, „Старци на прошетка“, „Љубов“, „На гости при мајка“, „Црн ветар“, „Наспроти Ху Шјен“, „Памети тој“, „Дијалог“, „Човекот и реката“, „Молитва“, „Ноќем. Сам покрај реката“ и „Изоче“.
  • Љубопис, со песните: „Чекајќи го синот“, „Гавран“, „Татковина“, „Спроти Велигден 1979“, „Откорнатици“, „Запис за мајките од егејско“, „Монах стои пред портите манастирски“, „Летник 1977“, „Сонот на детето“, „Девојката што поѕвони на нашата врата“, „Трпеза“ и „Велигденчиња“.
  • Тајнопис, со песните: „Елементот на писмото“, „Елементот на твојата насмевка“, „Елементот на петнаесеттата година“, „Мала вежба по математика со синот“, „Елементот на бројките“, „Елементот на кругот“, „Елементот на непознатата“, „Елементот на бескрајот“, „Тајнопис“, „Нееквивалентно“, „Свадбата на Прометеј“, „Огнена“, „Лот, брат Абрахамов“, „Сон врз каменот крај езерото“, „Калишта јануари 1975“, „Благословена што стави граница на сè“, „Спроти недела во стариот татков дом“, „Белите ридови на татковината“, „Непознато“, „Прстенот на војникот“, „Камена“, „Ќе се скријам во нејзиното име“, „Алелуја“, „Време“, „Разболина“, „Разделина“, „Магдалена“, „Нашите краишшта“, „За многаја лета“, „Камена“, „Олтар“, „Макови“, „Сончогледи“, „Македонија“, „Гоце Делчев“, „Неротка II“ и „Сама бука“.
  • Македонија, со песните: „Мечкин камен“, „Самуил“, „Вардар“, „Караорман“ и „И на конец ништ“.

Опис на книгата[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена во 1991 година во едицијата „Македонска книжевност“, како заедничко издание на неколку издавачки куќи: „Детска радост“, „Наша книга“, „Македонска книга“, „Култура“ и „Мисла“. Изборот на песните го направил Санде Стојчевски, кој е автор и на поговорот со наслов „Поезија на (од) (со) страв и надеж - Поговор кон едно извишено поетско дело“. Книгата, со обем од 213 страници и димензии од 20 сантиметри, е испечатена во НИП „Нова Македонија“, РЕ Печатница. Каталогизацијата е направена во НУБ „Климент Охридски“ - Скопје, а книгата ја носи меѓународната ознака ISBN 86-7845-004-5.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991.