Дрво за бесење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дрво за бесење (англиски: Hanging Tree) е американски филм, во режија на Делмер Дејвс. Главните улоги ги толкуваат: Гари Купер, Марија Шел, Карл Малден и Џорџ Скот.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во 1878 година, во времето на златната треска, во една населба во планините на Монтана, каде неуморно работат копачите на злато. Доаѓањето на докторот Џозеф „Док“ Фрејл го привлекува вниманието и внесува немир кај жителите на населбата. Тој е молчелив и таинствен, но истовремено е брз револвераш.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 16.