Дом на културата „Наум Наумовски – Борче“ (Крушево)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дом на културата „Наум Наумовски – Борче“
Поглед на зградата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкултурна установа
Адресаул. „Коча Миленку“ бр. 72
ГрадКрушево
Земја Македонија
Завршена1950-ти
Технички податоци
Катови2

Дом на културата „Наум Наумовски - Борче“ — дом на културата во градот Крушево. Зградата е прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Градбата е сместена на ул. „Коча Миленку“ бр. 72 во Влашкото Маало во јужниот дел на градот. Изградена е во 1950-тите години. Се состои од сутерен, приземје и кат. Изградена е од камен и цела тула, а покривната конструкција е дрвена со ќерамиди. Има мошне малку украсни елементи и пластика.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Дом на културата Наум Наумоски – Борче, Крушево“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 4 ноември 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]