Договор од Троа (1420)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Договорот од Троа бил спогодба која Хенри V од Англија и неговите наследници требале да го наследуваат тронот на Франција после смртта на кралот Шарл VI Франција. Тој бил потпишан во францускиот град Троа на 21 мај 1420 после битката кај Аженкур. Тој дошол во времето на Стогодишната војна а по неговото потпишување англиските кралеви го барале правото на престолот.

Денес, оригиналот на Троанскиот договор се наоѓа во библиотеката на Инситутот на Франција во Париз.

Содржина

[уреди] Услови

Со договорот се уредил бракот на ќерката на Шарл VI Катерина со Хенри V од Англија, кој бил прогласен за регент на Франција и иден наследник на францускиот престол. Истото право важело и за неговите идни наследници. Престолонаследникот Шарл бил изземен од наследувањето на престолот. Договорот бил ратификуван една година подоцна кога Хенри V влегол во Париз.

[уреди] Позадина

Францускиот крал Шарл VI во тек на своето владеење страдал од лудило. Хенри V ја нападнал Франција во 1415 и силно ги поразил Французите кај Аженкур. Во 1418, Жан Бестрашниот, Војвода од Бургундија, чии политички и економски интереси биле во полза на договор со Англичаните, го окупирал Париз. Една година подоцна тој бил убиен од неговите опоненти во Мантеро. Неговиот син Филип Добриот, склопил сојуз со Англичаните и преговарал за спогодба со англискиот крал.

Изабо Баварска, кралицата на Шарл VI, чие учество во преговорите било чисто формално, се согласила на договор лишувајќи го од наследство својот син, во надеж дека ако династиите се спојат преку Хенри V, војната ќе престане а Франција ќе дојде во рацете на храбар и способен крал.

Згора на лишувањето од престолот на престолонаследникот, претходно кралицата ја биело глас дека е љубовница на својот девер Луј, Војвода од Орлеан. Овие гласини ги искористил најжестокиот противник на Луј, Жан Бестрашниот, кој го убил Војводата од орлеан во 1407.

Лишувањето од тронот на Шарл му донеле дополнителни законски санкции кога тој се прогласил себеси за регент на Шарл VI во спротивност со регенството објавено од страна на Хенри V. Престолонаследникот бил повикан на lit-de justice (сослушување пред законот) во 1420 под обвинение за lèse-majesté. Кога не се појавил, паришкиот суд во 1421 прогласил дека престолонаследникот е виновен за предавство и казнет бил со целосно лишување од наследството и протерување од Француското кралство, губејќи ги сите привилегии и титули. Ова било главната последица на Троанскиот договор.

[уреди] Последици

По смртта на двајцата кралеви, Шарл VI и Хенри V во период од два месеца, во 1422, детето Хенри VI од Англија станало крал на Англија и на Франција, но престолонаследникот Шарл исто така го барал престолот на Франција по смртта на татко му. Тој бил крунисан за Крал на Франција на 17 јули 1429 во Катедралата во Ремс . Владеел со регион во Франција околу Бурж и од неговите противници бил со подсмев нарекуван "Крал на Бурж".

Условите на Троанскиот договор подоцна биле потврдени уште еднаш со Договор од Амиен (1423), кога Бургундија и Британија потврдиле дека го признаваат Хенри VI за Крал на Франција и се договориле да оформат тројна дефанзивна алијанса против престолонаследникот Шарл.

Воената победа на Шарл VII врз француските и англиските поддржувачи на барањето на Хенри VI да биде крал на Франција го прекинала договорот. Кралевите на Англија продолжиле да ја бараат круната на Франција сé додека барањето не било прекинато после Унион актот во 1800/1801 со кое се споиле кралствата на Велика Британија и Ирска.

[уреди] Наводи

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици