Дневникот на една собарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Дневникот на една собарка“  
MirbeauChambermaidDiary.jpg
Автор Октав Мирбо
Наслов на
оригиналот
Le Journal d'une femme de chambre
Преведувач Елизабета Трпковска
Јазик француски
Издавач Култура
Издадена 1900
OCLC 5323544

Дневникот на една собарка (француски: Le Journal d'une femme de chambre) е декадентен роман од Октав Мирбо, објавен во текот на Драјфусовата афера во 1900. Откако за првпат бил објавен во серијали во весникот L'Écho de Paris, во текот на 1891–2, Мирбоовиот роман бил преработен и доработен пред повторно да се појави во драјфусарскиот весник La Revue Blanche во 1900.

Формата на дневникот во кој се редат секвенци, постојаното преминување од сегашноста во минатото зависно од спомените и мешањето на тоновите и видовите, придонесува да се раскине со линеарноста на традиционалниот роман, со приоритетот на интригата и посебно, со наводната објективност на романите што се нарекуваат реалистични.

Романот доживува три филмски адаптации.

Романот[уреди]

Селестина, онаква каква што била видена со очите на Октав Мирбо

Расипаноста на богаташите[уреди]

Мирбо за свој раскажувач избира слугинка, Селестина, што само по себе е субверзивно, и, низ нејзиниот поглед кој го гледа светот низ дупката на клучалката, ни` ги открива нискостите на добриот свет, моралните недостатоци на високите класи и срамот на буржазијата. За време на службата во провинција кај едно богато семејство што своето богатство го стекнало на нечесен начин, таа се навраќа на спомените потсетувајѓи се на сите места на кои работела во текот на годините прикажувајќи ја бедата и расипаноста на богатите и почитувани луѓе во општеството.

Општествениот пекол[уреди]

Расказот го демистифицира општествениот пекол одвај прикриен со гримасите на богаташите, каде владее законот на посилниот. Условите во кои работат собарите и куќните помошници во куќите на богатите претставува некој вид на модерна форма на ропство, со целосна експлоатација на трудот и деградирање на човечкото битие осудено на секојдневни и постојани понижувања. Овие луѓе се прикажани како “ужасни човечки хибриди“ одродени од народната маса од која потекнуваат, и кои се ниту ваму ниту таму затоа што колку и да се дел од буржазијата кон која тежнеат, сепак не се буржуи. Собарките често пати се третирани и како сексуални работнички и често пати на чекор до вистинската проституција.

Célestine vue par Josef Rippl-Ronaï, La Revue blanche, 15 janvier 1900

Тегобноста[уреди]

Освен тој револт, без утрешнина, против социјалниот подерок кој е преполн со хипокризија и е неправеден, дневникот на собарката сведочи и за една одвратност на постоењето - онаа истата што писателот ја чувствува кон општеството во кое твори. Многу пред Сартр, Мирбо успева да долови една вистинска егзистенцијална тегобност и го прикажува трагичното во човечката положба отсликувајќи го секојдневието со сета негова празнина и вулгарност.

Но, преку магијата на стилот и благодарение на јазикот што се употребува во романот, таа тегобност добива лесна и поднослива нота. Иронијата добива комичен облик и читателот е поттикнат на смеа.

Célestine vue par Georges Jeanniot, Le Cri de Paris, 18 novembre 1900

Филмски и театарски адаптации[уреди]

Дневникот на една собарка трипати е адаптиран за филм : во 1916, во Русија, од страна на М. Мартов, под наслов Dnevnik gornitchnoi (Дневник горничной) ; во 1946, од страна на Жан Реноар, во Соединетите Држави и на англиски, под наслов Diary of a Chambermaid, со Полет Годар и Бургес Мередит ; и најпосле Le Journal d'une femme de chambre, во 1964 и на француски, од страна на Луис Буњуел, со Жана Моро, Жорж Жере и Мишел Пиколи во главните улоги. Во последните два случаја станува збор за една мошне слободна адаптација на романот, посебно онаа верзија на Жан Реноар. Романот исто така доживува и театарска адаптација, речиси насекаде низ светот, прикажувајќи се во вид на пиеси на најразлични јазици, најчесто во вид на one woman show.

Цитати[уреди]

  • ... “таа тага и таа комика да се биде човек. Тага која те тера на смеење и комика која ги расплакува возвишените души“.
  • “Не е моја вина што душите, на кои им се истргнати превезите и кои се прикажуваат голи, испуштаат толку силна смрдеа на расипано“.

Надворешни врски[уреди]