Дезинсекција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Начин на вршење на дезинсекција

Дезинсекција претставува збир од процеси кои се преземаат за сузбивање на инсектите.[1] Инсектите го завземаат првото место во ширењето на заразните болести.[1] Некои од нив се живи преносители на болестите додека други се пренесуваат преку храната.[1]

Основни мерки во борба со инсектите[уреди]

Да се спречи нивно навлегување и размножување во просториите.[1] Дезисекцијата може да биде:

  • механичка;
  • физичка;
  • хемиска.[1]

Механичка дезинсекција[уреди]

Под механичка дезинсекција се подразбира поставување на заштитни мрежи на вратите и прозорците, употреба на заштитна облека.И чистењето на просториите претставува механичка дезинсекција.[1]

Хемиска дезинсекција[уреди]

Хемиската дезинсекција е уништување на инсектите со помош на некои хемикали или хемиски супстанции. Средствата кои се користат против инсектите се викаат инсектициди кои можат да бидат во цврста, течна или гасовита состојба.[1]

Видови инсектициди[уреди]

Како што имаме различен вид на дезинсекција, така имаме и различни видови на инсектициди, поделени во три групи

  1. Цревни (се внесуваат преку загадена храна)
  2. Респираторни (се внесуваат преку дишните органи)
  3. Контактни (се пренесуваат преку контакт со инсектите преку кожата)

Инсектицидите се добиваат по природен и синтетички пат.Но, поголема примена во секојдневниот живот имаат синтетичките инсектициди. За да биде успешна една дезинсекција треба да се одбере соодветен начин и соодветни хемиски средства за дезинфекција.[1]

Наводи[уреди]