Двокамшични

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Двокамшични
Радиоларија
Научна класификација
Домен: Еукариоти
(нерангирано) Двокамшични
Надгрупи

Apusozoa
Rhizaria
Excavata
Archaeplastida
Chromalveolata

Двокамшичните или биконти (науч. Bikonta) се еукариотски клетки со две камшичиња. Ова е оддел на еукариотите.[1]

Ензими[уреди]

Друга карактеристика на двокамшичните е спојувањето на два гена во една единица: гените за тимидилатсинтаза (TS) и дихидрофолатредутаза (DHFR) кои шифрираат една белковина со две намени.[2]

Гените засебно се преведуваат во еднокамшични.

Сродство[уреди]

Некои испитувања укажуваат на тоа дека еднокамшичните (еукариотна клетка со едно камшиче) се претци на заднокамшичните (Животни, Габи и сродни облици) и Амебозоите, а дека двокамшичните се претци на Архаепластидите (Растенијата и сродните организми), Екскаватите, Ризариите и Хромалвеолатите. Кавалиер-Смит смета дека Безножните, кои најчесто се сметаат за incertae sedis, се всушност двокамшични.

Сродството помеѓу двокамшичните сè уште е недоволно истражено. Кавалиер-Смит ги групира Екскаватите и Ризариите во Кабозоите, а Архаепластидите и Хромалвеолатите во Кортикатите, но барем едно друго испитување укажува на тоа дека Ризариите и Хромалвеолатите сочинуваат клад.[3]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Burki F, Pawlowski J (October 2006). „Monophyly of Rhizaria and multigene phylogeny of unicellular bikonts“. „Mol. Biol. Evol.“ 23 (10): 1922–30. doi:10.1093/molbev/msl055. PMID 16829542. http://mbe.oxfordjournals.org/cgi/pmidlookup?view=long&pmid=16829542. 
  2. Thomas Cavalier-Smith (2006). „Protist phylogeny and the high-level classification of Protozoa“. „European Journal of Protistology“ 39 (4): 338–348. doi:10.1078/0932-4739-00002. 
  3. Burki F, Shalchian-Tabrizi K, Minge M, Skjæveland Å, Nikolaev SI, et al. (2007). „Phylogenomics Reshuffles the Eukaryotic Supergroups“. „PLoS ONE“ 2 (8: e790): e790. doi:10.1371/journal.pone.0000790. PMID 17726520. 

Литература[уреди]