Даниела Илиевска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Даниела Илиевска (Ресен, 1983) е македонска вајарка. Работи и како професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Илиевска е родена во Ресен во 1983 година.. Средно образование завршила во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ во Скопје, а дипломирала на ФЛУ –вајарски одел во класата на доцент Беди Ибрахим во 2007 година.

Изложби[уреди | уреди извор]

Илиевска учествувала на неколку групни изложби и ликовни колонии и тоа:

  • 2006, Ресенска керамичка колонија
  • 2005, Скопје Чивте Амам изложба на студенти од 3 и 4 година вајарски оддел при ФЛУ
  • 2006, скопје, Сули АН „Звуците на Старата чаршија“
  • 2006, МНТ изложба на студенти при ФЛУ-Скопје
  • 2006, Ресен изложба на Керамичка колонија-Ресен во Дом на култура „Драги Тозија“
  • 2008, Ресен,36 изложба на Керамичка колонија Дом на култура „Драги Тозија“
  • 2008, Ресенска Керамичка колонија
  • 2008, Сликарска колонија Босна,Сребреник
  • 2009, Струга НУ Музеј Д-р Никола Незлобински-Во слава на земјата,водата,огнот,во слава на керамиката
  • 2010, Словенија на 5-та Интернационална колонија на керамичари[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стефановски, Пеце (10 август 2008). „Керамичка колонија во Отешево“. А1. Посетено на 2010-10-09.
  2. „Даниела Илиевска од Ресен ќе учествува на Интернационална колонија на керамичари во Словенија“. Преспана. Архивирано од изворникот на 2010-07-16. Посетено на 2010-10-09. На |first= му недостасува |last= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)